Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повторно вандализам во Скопје, малолетниците кои уништуваат јавни добра ќе одат на општокорисна работа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повторно вандализам во Скопје, малолетниците кои уништуваат јавни добра ќе одат на општокорисна работа

ПАК ВАНДАЛИЗАМ ВО СКОПЈЕ

„Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во центарот на градот наликува на сцена на уништување. Фотографиите направени вчера, кои скопјани ги споделуваат на социјалните мрежи-прикажуваат скршени клупи, расфрлан отпад, и заеднички простор кој наместо да служи за релаксација, претставува слика на неодговорност и вандализам.

Граѓаните реагираат со сериозна загриженост и револт кон надлежните служби. На социјалните мрежи се споделува апел до Општина Центар, Град Скопје, и Владата за итни мерки. Некои од реакциите сугерираат дека е „крајно време да се извадат сите урбани елементи од паркот и да не се поставуваат нови“. 

МЛАДИТЕ КОИ УНИШТУВААТ ЈАВЕН ИМОТ ЌЕ ОДАТ НА ОПШТОКОРИСНА РАБОТА

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на градоначалникот на Општина Центар,  Горан Герасимовски, малолетниците што вандализираат урбана опрема да вршат општокорисна работа.

ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.

„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители“, изјави Герасимовски.

УБИЕЦОТ НА ЕМИЛИЈА ПЕШЕВА ГО ПРИЗНА ДЕЛОТО

Обвинетиот за убиство на 29-годишната Емилија Пешева, Фадил Зејнелов призна вина. Пресудата во Основниот суд Штип ќе биде објавена в среда, на 12 февруари. Зејнелов денеска прес Судот ја призна вината, а мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година рече дека е неверство. 

Кратко по почетокот на судењето за убиството нa 29-годишната Емилија Пешева од Штип, обвининетиот Фадил Зејнелов го призна делото.

На прашањето на судечкиот судија Сашко Ѓоргиев дали се чувствува виновен, Зејнелов одговори потврдно и го призна делото.

Таткото на убиената Емилија во изјава за медиуми пак посочи дека „убиецот ја користеше, јадејќи и ги парите во казиното“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ГОБ „8 Септември“ со години е важен дел од здравствениот систем на Скопје, болница на која се потпираат илјадници граѓани. Сега, најавата дека токму таа ќе се трансформира во регионален центар за Скопје, Куманово и Велес предизвика лавина реакции кај граѓаните и вработените.

Има ли основна правна сигурност ако има случај во кој најголем акционер, кој поседува 20% акции на компанија платени по пазарни цени во кои вложил 20 милиони евра, не може да учествува во управувањето со компанијата чии акции ги поседува?

Куќи, станови, делови од куќи, земјиште, како и многу деловни објекти се на листите на продажба кои ги нудат комерцијалните банки во Македонија, како крајно решение за наплата на нефункционалните кредити, или поточно кредити кои корисниците од одредени причини не успеваат да ги вратат.

Угостителите велат дека поради светските цени на кафето и во земјава омилениот напиток на многу Македонци ќе биде поскап. Наскоро ќе има нови цени. Она што е сигурно е дека и во македонските туристички центри, летово ќе пиеме поскапо кафе.

Слично

Поврзани вести