ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повторно лажна дојава за бомба, но сега закана имало и за училиште во Крива Паланка
ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО КРИВА ПАЛАНКА
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска имало дојава за лажна бомба во основно училиште во Крива Паланка. Вакви закани во изминатиот период беа вообичаени исклучиво само за главниот град.
„Денеска (02.12.2022) околу 11.00 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, информира полицијата.
Инаку лажни дојави за бомби упатени се изутрината на електронска пошта и на три скопски основни училишта.ИМАЛО ПРИЈАВА ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО АРАЧИНОВО
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави дека нема пријава за тоа дека вооружена група синоќа набркала полицајци од пунктот во Арачиново. Спротивно на тоа, како што рече министерот, имало пријава дека полицајци во Арачиново се однесувале, како што вели тој, недолично.
- Досега немаме таква пријава, ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, а ниту од граѓани, иако има пријава во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои што биле на пунктот, рече Спасовски како одговор на новинарско прашање.
Според министерот, пренагласено е дека имало закани со оружје и дека во МВР се работи на обезбедување службен материјал.„КРВАВИ ПАКЕТИ“ СТИГНАЛЕ ВО ПОВЕЌЕ УКРАИНСКИ АМБАСАДИ
„Крвави пакети“ со животински очи биле испратени до голем број украински странски амбасади, соопштија властите во Киев, а пренесува Скај њуз.
Пакети натопени во „карактеристично обоена“ течност беа испратени до амбасадите во Киев во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија. Тие беа примени и од генералните конзулати во Неапол и Краков.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
