ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повторно демолиран бугарскиот клуб во Охрид, Софија ја повика македонската амбасадорка
ПАК Е ДЕМОЛИРАН БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО ОХРИД
За само два дена, повтпрно е демолиран бугарскиот клуб во Охрид, но овој пат со огнено оружје. Инцидентот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според него, вчера во 19 часот и 12 минути во СВР Охрид било пријавено оштетување на стаклото од канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирано на булеварот „Македонски просветители“ во ТЦ „Амам“.СОФИЈА РЕАГИРА, НО И ПЕНДАРОВСКИ ГО ОСУДИ НАСТАНОТ
Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска, ќе биде повикана денеска во Министерството за надворешни работи на Бугарија.
На нашиот дипломатски претставник ќе и биде врачен остар демарш по повод нападот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, уште синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија за тешкиот инцидент во Охрид.
Претходно македонското МНР го осуди инцидентот, а полицијата потврди дека имало две оштетувања на клубот направени од огнено оружје.Претседателот Стево Пендаровски го осуди вчерашниот инцидент во охрид, каде што со огнено оружје беше пукано во просториите на бугарскиот културен клуб „Цар Борис трети“.
„Го осудувам нападот на културниот клуб на бугарската заедница во Охрид. Очекувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, преземање на сите мерки, со цел расчистување на случајот и одговорност за сторителите“, објави кратко шефот на државата.Нападот на клубот во Охрид е апсолутно неприфатлив чин, вели бугарскиот претседател Румен Радев.
ИМА ОБВИНУВАЊЕ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕТЕ ВО ГРАДИНКА ВО ГЕВГЕЛИЈА
Брутално насилство врз 10 месечно бебе се случило во вторникот во градинка во Гевгелија. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелина Петкова денеска на прес конференција ја обвини директорката Елизабета Стефановска, за која како што вели, молчи и го крие инцидентот.
-Во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случи брутален инцидент, 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата. Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија.СЕ СПРЕМА НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА
Европа нема да запре со санкциите кон Русија.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен при нејзината денешна посета на Финска изјави дека Европската унија (ЕУ) го подготвува деветтиот пакет на санкции за Русија поради нејзината инвазија на Украина.
„Напорно работиме да ја удриме Русија каде најмногу боли и дополнително да ја ослабне нејзината способност за водење на војната во Украина. Денеска можам да објавам дека со полна пареа на деветтиот пакет на санкции“, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата во Хелсинки.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Државата може да ја преземе одговорноста за работењето и на Топланата Скопје Север, преку државната ЕСМ. Ова во интервју за ТВ Телма на некој начин го најави министерот за економија, Крешник Бектеши.