ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Србија се врати во земјава
ПОВРЕДЕН КОЈ СЕ ЛЕКУВАШЕ ВО СРБИЈА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во странство се врати во земјава.
Тој е првиот кој се врати од 115-те кои беа префрлени на лекување во странство. Станува збор за пациент кои се лекувал во болница во Белград, во Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот го пречекаа министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.
Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба.УПОЗ БАРА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Синдикатот на јавната администрација УПОЗ побара обезбедување за работниците, откако вчера беше објавено дека е пукано кон службеничка во Прилеп.
Маж на возраст од 50 години пукаше и рани вработена во прилепскиот Центар за социјални работи. Пукањето се случило во Центарот за социјални работи нешто пред 14 часот. Напаѓачот избегал од психијатриска установа, но и претходно ја демнел.
„Со години нанзад Синдикатот на УПОЗ укажуваше дека безбедноста на вработените во Меѓуопштинските центри за социјални работи е непостоечка и дека условите за работа се катастрофални.МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 1.812 ДЕНАРИ
Минималната плата ќе се зголеми за 1.812 денари во нето износ.
На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 година, применувајќи ги законски утврдените критериуми и минималната плата ќе има пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ.ЈОВАН КОСТАДИНОВ ЌЕ БИДЕ НАГРАДЕН ЗАТОА ШТО СПАСИ 20 ЛУЃЕ ВО КОЧАНИ
Градоначалникот на Виница, Миле Петков ќе го награди младиот Јован Костадинов за неговиот хуман гест, затоа што на 16 март во Кочани спаси 20 млади луѓе од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Локалната самоуправа ќе му додели Плакета за храброст и стипендија за високо образование во времетраење од четири години. Предлогот утре ќе се најде на седница на Советот. ЧИТАЈТЕ УШТЕ