ФАКТОР НА ДЕНОТ: Потврдени казните за Јанева и Боки 13, Aпелација ги отфрли жалбите
АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ КАЗНИТЕ ЗА ЈАНЕВА И БОКИ 13
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје, обвинетата Катица Јанева од Скопје и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди, соопштија денеска од Судот.
Информираат дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“ во јуни лани. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.ДЕНЕС 15 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.
Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.550 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово–24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-147, Биотек-95, Систина-66, лабораторија Лаор-0, Синлаб-145, Ремедика-5, Плодност–23, Генеа–3, Никоб лаб-465, ВФВ Медикал-11, Ели Медика-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.280.ДЕЛТА СОЈОТ СЕ ШИРИ ВО РЕГИОНОТ
Секој трет заразен со коронавирусот во Бугарија е од делта сојот.
Главниот здравствен инспектор Ангел Канчев, на денешниот брифинг во Министерството за здравство на Бугарија, изјави дека има промена во трендот на ширење на вирусот, јави дописникот на МИА од Софија. Канчев изјави дека е запрено намалувањето на новозаразени и дека сега секое трето лице е заразено со делта сојот. Постепено ќе го зголемуваат бројот на случаи во јули, а многу побрзо во август.
Доколку се почитуваат рестриктивните мерки при граничната контрола, може да се забави ширењето на делта сојот, што веќе доминира во повеќе од 50 проценти од случаите во Европа.
Тој истакна дека меѓу земјите со најголема инциденца во моментот земјите со активен туризам – Кипар, Шпанија, Португалија и Грција.
Заразата зема замав во соседна Грција, каде во еден ден имаат повеќе од 3.500 заразени.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
