ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници
ПОСТИГНАТ Е ВРЕМЕН ДОГОВОР СО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ
Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници.
Мартин Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со приватните превозници, изјави дека се договориле за зголемување на тарифата по изминат километар. Сега, ќе им се исплаќа по 100 денари за изминат километар, иако претходно добиваа по 69 денари. Вонредна седница е предложена за утре.ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА РЕАГИРА НА ИЗЈАВАТА НА МАРТА КОС
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени.
Според претседателката, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава.
„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, изјави Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.СЕ ОЧЕКУВА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА
На тендерот за набавка за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ЕВН Хоме како универзален снабдувач на регулираниот пазар добил понуда од АД ЕСМ со цена повисока за 2 евра по мегаватчас. Актуелната цена е 60 евра по мегаватчас, а од 1 јануари 2025 таа би била 62 евра.
Од тоа по која цена државните електрани ќе ја продаваат својата струја на ЕВН Хоме, најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните од следната година.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Родителите бараат дадилки кои повремено или пак за кратко би ги чувале нивните деца, во смисла да го земат детето од училиште и да останат со него додека родителот да си дојде дома. Но, дадилки тешко се наоѓаат, затоа што и жените кои чуваат деца, настојуваат да имаат ангажман со цело работно време и тоа да биде исплатливо.Освен дека новогодишната кошница ќе содржи околу 600 производи и дека ќе биде познато кои се тие до крајот на следната недела, засега други детали не се откриваат. Намалените цени на производите ќе бидат во примена еден месец, но граѓаните се скептични дали и каков ефект ќе има новата кошница.
Дали држат или не обвинувањата од опозицијата дека власта ја партизира администрацијата нема да коментираме. Но, факт е дека од стартот срамежливо, но сега сѐ повеќе можат да се видат огласи за вработување во државните институции.
Извршниот директор на „Жито Полог“ по августовската „голема преселба на инвесторите“ ја презеде раководната позиција во тетовската компанија и за четири месеци стекна 1,33 отсто од сите акции со право на глас
