Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Породилното отсуство ќе трае повеќе од 9 месеци, денес има 46 починати од ковид

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Породилното отсуство ќе трае повеќе од 9 месеци, денес има 46 починати од ковид

ПОРОДИЛНОТО ЌЕ ТРАЕ ПОДОЛГО

Се подготвуваат законски измени со кои ќе се зголеми траењето на породилното отсуство. Веројатно оваа информација денеска ќе израдува многу мајки родилки кои изминативе недели беа не протест токму поради барањето за продолжување на породилното отсуство.

Со години наназад се бара породилното отсуство да биде продолжено на повеќе од 9 месеци, а во екот на пандемијата кој во моментов го има најсилниот бран на Ковид-19, ова барање беше се посилно.

Сепак, надлежните се одважија на нивните барања.

Министерката Шахпаска најави дека со измените кои се крчкаат породилното ќе биде околу 12 месеци , а 5 од тие ќе бидат задолжителни.

ОД КОВИД ПОЧИНАА 46 ЛУЃЕ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 174, Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип - 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по 1.

Регистрирани се 641 оздравен пациент од:

Скопје – 298, Битола – 59, Прилеп – 46, Струмица – 44, Кавадарци – 23, Штип – 21, Кочани – 20, Тетово и Гостивар – по 19, Охрид – 13, Кичево – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка – 7, Виница – 6, Велес и Валандово – по 5, Струга – 4, Куманово и Делчево – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 46 починати лица. 

ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЗАМИНАА НАДВОР ОД ДРЖАВАТА

Нема позначајни чекања за влез и излез од македонска страна на граничните премини на земјава, извести попладнево АМСМ. Сепак утрово забележана е поголема раздвиженост на автомобили за излез од земјава. Од утре па до вторник, следуваат четири неработни дена, во кои се празнува големиот христијански празник Велгиден и Празникот на трудот 1 мај.

Најмногу автомобили има за влез во соседна Србија. На граничниот премин Табановце само до 10 часот утрово од земјава излегле 1.068 патници. На истиот премин влез во Македонија оствариле 1090 патници. Утрово таму имаше и застој, односно поголемо чекање поради тоа што системот беше паднат. Сега тој проблем е отстранет. 

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ЛИСТИТЕ ОД ОХРИД СЕ ПОРАКА ЗА НИВ

Листите од Охрид се порака за нас, за СДСМ, рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на прашање за независната листа за која вчера известија истакнати членови на СДСМ и најавија дека ќе формираат своја изборна листа за претстјните локални избори. Премиерот најавува разговор со овие членови, но потенцира дека Социјалдемократскиот сојуз е единствен“, 

„Но секако сме различни од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Листите од Охрид се порака за СДСМ, но имаме неполни шест месеци да разговараме, СДСМ со единство ги извојува победите секогаш, рече премиерот Заев. 

Заев очекува и натаму да соработува со Радмила Шекеринска која најави дека веќе нема да се кандидира за партиски функции.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во моменти кога малопродажната цена на шише зејтин урива рекорди, Владата се уште размислува дали да интервенира со помош на домашните производители на сончогледово масло за јадење, иако ваква точка се нашла на разгледување на седницата во вторникот.

Во услови на пандемија значајно се забрза процесот на развој на дигитализацијата што од една страна ја олеснува и ја прави безбедна комуникацијата нафинтек компаниите со клиентите, а од друга страна значи и придонес кон околината од аспект на намалување на употребата на хартија. 

Поимотните Македонци купуваат имоти на море, најчесто во соседните земји Грција и Албанија.

Падот на нето приходи од камати се компензира и надоместува со раст на нето приходи од провизии и со зголемување на останати приходи од дејноста и со помали резервации од лани. Исходот е маестрален! Добивката порасна за 64 отсто и достигна 5,9 милиони евра.

Сега е прв човек на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. Не открива дали ќе биде кандидат од својата партија на претсојните локални избори, бидејќи, вели, најважно е сегашната општинска власт што поскоро да си замине. 

Само десеттина дена по првата експлантацијата на коскените ткива од починат дарител, на Клиниката за ортопедски болести беше направена првата трансплантација, првата комплексна операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво, кај млада пациентка која се лекува од малиген тумор на коска.

„Охридска банка“ (дел од групацијата „Шпаркассе“) за првите три месеци солидно ги зголеми нето приходите од провизии и надоместоци, ги одржа исти нето приходите од камати, а успеа да ги намали најзначајните ставки во трошковната структура

Двоцифрен раст на добивката, консолидирани продажби од 3,27 милијарди денари, 58 нови вработувања во земјата и со инвестиции од над 178 милиони денари. Вака одработе една од најдобрите македонски компании во првите три месеци годинава. Алкалоид ги објави кварталните резултати. Остварената добивка по трошоци изнесува над 5,6 милиони евра!

Слично

Поврзани вести