ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
ОБВИНЕТИ НЕГИРАА ВИНА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
Одбраната ќе ви докаже на правен и фактички план дека истиот не може да биде истиот не може да биде со каузалитет на дејствија за сторување на ова кривично дело кое му се става на товар.
ВЛАСТА УВЕРУВА ДЕКА НЕМА ДА ПРИФАЌА МИГРАНТИ ОД БРИТАНИЈА
МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ
Oткако попладнево Министерството за внатрешни работи(МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“, тој вели дека постапката е политички мотивирана.
„Во целост ги отфрлам наводите во т.н. пријава. Не ме изненадуваат методите – ништо ново, МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста од реалните скандали на власта“, изјави Спасовски.
Тој додаде дека, според него, денешниот потег има за цел да го пренасочи вниманието од актуелните теми со мигрантите, судењето за пожарот во Кочани, лошата економија.ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ИЗГЛАСАА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА
Пратениците денеска во Собранието го изгласаа Буџетот за 2026 година.
Буџетот на расходната страна изнесува 6,7 милијарди евра, а на приходната 6 милијарди.
Буџетот се темели на проектиран растот на БДП од 3,8 проценти, планираната просечна инфлација е 2,5 проценти, а буџетски дефицит е 3,5 проценти од планираниот БДП.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
