ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави има во повеќе делови на Македонија, во Кичево луѓето се евакуирани
ПОПЛАВИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА
Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, информира дека состојбата со поплавите се следи под будно око, а сите релевантни субјекти и општествено одговорни фирми се активни и на терен.
Доставувањето на храна се одвива непречено и исклучиво преку Општина Кичево, во координација со Црвениот Крст – Кичево.
Јовановски апелира на смиреност, солидарност и одговорност, истакнувајќи дека во овој момент најважно е здравјето на луѓето. Тој најавува дека веднаш штом се создадат услови, ќе се преземат конкретни мерки за ваквите појави да бидат сведени на минимум.Излевања има и во ресенско, демирхисарско, крушевско.
ФИЛИПЧЕ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ НА МИЦКОСКИ ЗА СРЕДБАПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека не го прифаќа предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за средба за консензуално укинување на техничката влада.
- Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше се. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на Кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија.Тоа го прави за заштита на криминалот на власта. Донесе резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците.
И за сето ова во текот на утрешниот ден ќе организираме брифинг на којшто ќе ги соопштам во детали работите кои што се прават во правосудството со поднесените предлог-закони. Да не беа овие чекори, можда и можеше да се разговара, но ова е класична мафија.КОСОВСКИ МЕДИУМ ОБЈАВИ ДЕКА ГРУБИ Е ВО ПРИШТИНА
Косовската новинска агенција „Косова прес“, повикувајќи се на свои извори, објави дека поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем во Македонија, Артан Груби, кој повеќе од една година е во бегство, вчера попладне бил виден во Приштина.
Според изворот на „Косова прес“, Груби се преселил во област недалеку од центарот на Приштина заедно со две деца. Според наводите на изворот кого го цитира косовскиот медиум, Груби бил облечен во зимска јакна и спортска опрема. На главата носел шапка, а пуштил и брада.ТРАМП САКА ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНД
Администрацијата на aмериканскиот претседател Доналд Трамп би можела да им плати на жителите на Гренланд до 100.000 долари за да се приклучат на САД.
Администрацијата разговараше за исплата на жители на Гренланд помеѓу 10.000 и 100.000 долари по лице, во обид да ги убеди да се отцепат од Данска и потенцијално да се приклучат кон САД.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Како една успешна жена во многу полиња го задржува фокусот и високиот интензитет. Кои се најдобрите основи за личниот брендинг и стил?
„Навистина верувам во тие внатрешни вредности и во стил којшто е развиен врз основа на вашите карактеристики. Кај мене тоа била дисциплината којашто произлегува од спортот, тоа било интегритетот“, вели проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на Македонија 2025.foto printskrin
