Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави има во Кичево, многу куќи се под вода, а над 200 луѓе се евакуирани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави има во Кичево, многу куќи се под вода, а над 200 луѓе се евакуирани

ПОПЛАВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Куќи полни со вода, блокирани возила – тоа е состојбата еден ден по поплавите во населбите во Кичево. 

Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба,објави Центарот за управување со кризи.

Центарот за управување со кризи во својот последен вонреден извештај информира дека се појавени голем број свлечишта околу Тетово и Полошкиот регион.

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта.

Управата за хидрометеоролошки работи издаде нов метео аларм, според кој денес и утре ќе продолжат врнежите од дожд.

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ПРЕКРШОЦИ РЕГИСТРИРАНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Во периодот од 9-ти до 15-ти месецов системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирал вкупно 4.490 прекршоци, што е за 10 отсто помалку во споредба со првата седмица во февруари кога биле регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР).

Од вкупниот број регистрирани прекршоци најголем број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 33, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 160 прекршоци.

ИСЧЕЗНАТИОТ ПРИЛЕПЧАНЕЦ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ

Исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп е најден починат. 

Од Министерството за внатрешни работи(МВР) за „Скопје1“ информираа дека на 16 февруари 2026 година во 16 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот.

Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Минхенската конференција за безбедност заврши. Клучен настан, како и што се очекуваше, беше излагањето на државниот секретар на САД, Марко Рубио.

На предлог на пратениците од редовите на опозициската СДСМ во Собранието стаса предлогот за раст на минималната плата во Македонија. Како што најавија од партијата, измените на Законот за минимална плата се доставени до пратениците.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура во бизнис планот за 2026 ја објави и долгорочната инвестициска програма, каде што за прв пат се најдоа и најавуваните проекти од новата власт - брзата пруга по Коридор 10 и пругата Скопје - Кичево.

Граѓани, компании, но и угостителски објекти одлучуваат да го тапацираат мебелот наместо да купат нов. 

Помина една година од шокантниот говор на американскиот потпретседател Џеј-ди Венс од Минхенската безбедносна конференција кога и влепи дипломатски шамар на Европа.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести