ФАКТОР НА ДЕНОТ: Политичарите се расправаат за сметот во Скопје, лекарите предупредуваат за ризик од заразни болести
ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ РАСПРАВААТ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ХАОСОТ СО СМЕТОТ ВО СКОПЈЕ
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска попладнево повторно ја обвини партијата ВМРО-ДПМНЕ дека е виновна за хаосот со сметот во градот.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски гостуваше во дневникот на ТВ Сител каде изјави дека во првите 72 часа ќе направи генералка на цело Скопје и истакна дел од проектите кои се приоритетни како изградбата на подземна сообраќајница во Скопје.ВЛЕН ВЕТИ ПОДДРШКА ЗА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ВО ВТОРИОТ КРУГ
Кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и Изет Меџити се сретнаа, а ВЛЕН ќе ја поддржи ЗНАМ во вториот круг во Куманово.
Димитриевски објави фотографија на социјалните мрежи.
„Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово.. Благодарам на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија“, напиша Димитриевски.ПОД ИСТРАГА СЕ 12 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЛИХВАРСТВО
Под истрага се 12 лица осомничени за лихварство и перење пари.
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, извршија претреси на повеќе локации низ Градот Скопје, поради основано сомневање за сторени кривични дела Лихварство и Перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинителот, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 осомничени лица за кои постои основано сомневање дека деветмина од нив како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека тројца се осомничени за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Слично
