Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Политичарите посакаа здравје, среќа, но и ветија резултати во 2026 година

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Политичарите посакаа здравје, среќа, но и ветија резултати во 2026 година

ПОЛИТИЧАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ЈА ЧЕСТИТАА НОВАТА ГОДИНА

Премиерот Христијан Мицкоски,  на неговиот фејсбук профил објави новогодишна честитка до граѓаните.

„Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици!

Година во која државата мораше прво да застане на нозе.

После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација.

Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир, потпрен на меѓународното право и на меѓународните институции, сакам ние да се вдомиме во Европската Унија, решени да живееме во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката за Новата 2026 година.

ИМА ОБВИНИТЕЛЕН АКТ ЗА СЛУЧАЈОТ КРМЗОВ

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за случајот со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и поднесен е Обвинителен акт и Обвинителен предлог до Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинителниот акт е против седум лица на кои им се става на товар дека сториле кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, како и дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Даночна измама“. Двајца од обвинетите, покрај наведените кривични дела, се обвинети и за продолжено кривично дело „Даночно затајување“. Обвинителниот предлог се однесува против три физички лица за продолжено кривично дело „Несовесно работење во службата“, како и против 13 правни лица за продолжено кривично дело „Даночна измама“.

ФИЛИП АНДОВ-СОКОЛ Е ОСУДЕН НА ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР

Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Затвор Скопје“. Андонов и уште шестмина затворски полицајци, претходно пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни. Беа обвинети за овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби 

Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот кој се однесува на злоупотреби во затворот. Сите обвинети се огласени за виновни за кривичните дела што им се ставаат на товар.

Обвинетиот П.А. за злоупотреба на службената положба и овластување, доби условна казна од шест месеци затвор, која нема да се изврши доколку во наредните две години не стори ново кривично дело.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За доизградба на автопатот Охрид - Кичево, која што во меѓувреме е продолжена до крајот на 2026, сме се задоолжиле уште 40 милиони долари, пари за кои никој немаше да знае ако изминатите денови не беа објавени во извештајот на независниот ревизор за рабтењето на јавното претпријатија „Државни патишта“ за минатата година.

Последниов период зачестија огласи за вработување во државните институции. Бројни огласи за вработување во основни училишта, а се бараат лица и за во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, Собранието, Министерството за транспорт, Народна Банка.


Слично

Поврзани вести