ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади
РАЗБИЕНА Е ТЕРОРИСТИЧКА ЌЕЛИЈА
Вчера било жестоко во Скопје и во Гостивар, се треселе станови и куќи и други простории, а пронајдени се автоматска пушка, пиштол, телефони, комјутери и слично. Но, она што е најбитно е дека откриените осомничени четири лица всушност спроведувале пропаганда и регрутирале членови на терористичката организација ИСИС.
СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО Е ОСТАВЕН НА СЕРВИС И ОД НЕГО ВАДЕЛЕ ДЕЛОВИ
Во многу лоша состојба во сервис е пронајден џип БМВ во сопственост на Министерството за односи меѓу заедниците.
ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА МЕРКО
Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две за директори на училишта и за набавката на „аудито“.
Првото рочиште денеска се однесува за незаконско поставување на директори на училишта, и се наоѓа во доказна постапка, продолжува со сослушување на екс министерот за образование од ДУИ, Јетон Шаќири.
Шаќири, заедно со раководителот на секторот за финансии при Општина Струга Абедин Нуроски, требаше да биде сослушан на претходното рочиште во октомври минатата година, но тоа не се одржа поради немање уредна достава до сведоците.ХРВАТИТЕ ГИ БОЈКОТИРАА ТРГОВЦИТЕ
Има драстично намалување на прометот во Хрватска, односно успешен е бојкотот на граѓаните.
Националниот бојкот на потрошувачите во Хрватска, организиран во знак на протест поради зголемените малопродажни цени, значително ја наруши економијата на земјата. Новообјавените податоци од Даночната управа покажуваат дека протестот влијае врз продажбата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
