Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси 55-годишна скопјанка за лажни дојави за бомби

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси 55-годишна скопјанка за лажни дојави за бомби

УАПСЕНА ЖЕНА ЗА ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Полицијата денеска привела 55-годишна скопјанка поради лажна пријава за поставени бомби во скопски училишта. Како што соопштија од МВР, жената, за која е наведено дека има здравствени проблеми, вчера од мобилен телефон се јавила во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и пријавила дека се поставени експлозивни направи во скопски училишта.

„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена“, соопштија од МВР.

Оттаму велат дека за случајот е известен јавен обвинител, а по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ ЗА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

Убиството на неколку улични кучиња во Струга, како никогаш досега ја подели јавноста во земјава, за тоа дали постапката била резултат на револт од страшните глутници на бездомните животни, или психопатски чин. Како и да е, сите се согласуваат дека овој проблем мора да го решат институциите. 

Во врска со ова се огласи и актерот Сашо Тасевски.

АРСОВСКА КОНТРА УСЈЕ

На иницијатива на Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец, градот самостојно и во, здружена акција со Министерството изврши мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода, соопшти градоначалничката на град Скопје, на вонредна седница. Посочи дека станува збро за мерење на испустот на амбиенталниот воздух во фабриката - цементарницата „Титан Усје“, а за непочитување на дозволениот испуст најави и кривична пријава против компанијата.

На прес конференцијата без изнесени и податоци за мерења на 26. и 27. декември 2022 година. Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ, велат оттаму. 

ЖЕСТОКИ БОРБИ ЗА БАХМУТ И СОЛЕДАР


Соледар би бил првиот град во Донбас што Русите би го освоиле лани летото.

Лоциран е на само петнаесет километри североисточно од Бахмут, кој се смета за стратешки важна крстосница. Руските сили, првенствено платеничката паравојска Вагнер, се обидуваат да го заземат Бахмут од летото. Заземањето на Соледар би можело да им олесни на Русите да го заземат Бахмут и да ги прекинат нивните линии за снабдување. Градот лежи на автопатот Е40, веднаш помеѓу Харков и рускиот град Ростов-на-Дон. Во 2016 година, на Бахмут му беше вратено своето вековно име, откако се нарекуваше Артемивск, по болшевички, уште од советско време.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За прв пат по речиси три години пауза, од пред два дена РЕК Битола работи со сите три блока едновремено. Во вторникот, како што претходно извести ЕСМ, бил приклучен на мрежа третиот блок и испорачува електрична енергија по монтажата на новиот трансформатор од 6 милиони евра што пристигна од Турција.

Ново задолжување на државата на домашниот пазар преку издавање на 15 годишни државни обврзници. Станува збор за вкупна сума на задолжување од 14,5 милиони евра, а каматните стапки по кои ќе се издадат овие 15 годишни државни обврзници достигнаа дури и до 5,4 отсто, што е ново зголемување во однос на каматите на државните обврзници кои претходно беа издадени во декември.

Дел од македонските граѓани не се информирани дека Турција во 2023 година воведе туристичка такса, но од туристичките агенции во земјава кои нудат посета на Турција, велат дека тоа нема да го намали интересот на Maкедонците за патување.

Слично

Поврзани вести