ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата приведе лице кое лажно пријавило дека имало обид за киднапирање на малолетничка
СКОПЈАНЕЦ ЛАЖНО ПРИЈАВИЛ ДЕКА ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЧКА
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување.
„Имено, вчера околу 19 часот Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна односно нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери.
Во консултација со ОЈО Скопје, Џ.Г. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во соопштението од Министерството.КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ПРЕКРШИЛА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ
Претседателката на Собраниската комисија за скандалот со Онкологија, Рашела Мизрахи денеска во собранието во обемна презентација претстави делови од извештаите на ревизорот, интерните процедури на клиниката и самите закони за здравствена заштита и јавни набавки, посочувајќи дека Клиниката за Онкологија при своето севкупно функционирање и при набавката на биолошката терапија за пациентите, прекршила 37 закони и подзаконски акти.
РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ГАЗА
Расте бројот на жртви во Газа. Најмалку 12.000 Палестинци се убиени во Газа, тврди палестинската терористичка група Хамас. Сателитските снимки покажуваат огромни толпи луѓе кои се обидуваат да побегнат во јужниот дел на Газа.
Меѓу загинатите има и 5.000 деца. Вчера палестинските здравствени власти објавија дека се убиени повеќе од 11.470 луѓе. Две третини од нив се жени и деца. Околу 2.700 луѓе се исчезнати.
Инаку, во Израел беа убиени околу 1.200 луѓе, откако Хамас на 7 октомври изврши напад.
Израел вели дека Газа е само почеток и дека ова е крајот на Хамас.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Винарската визба „Тиквеш“, почнувајќи од стартот на наредната година, ќе има нова директорка.
