ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата поднесе кривични пријави за насилството врз девојче во Аеродром
ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ВО АЕРОДРОМ
МВР објави дека по извршениот разговор во полициска станица со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром ќе следуваат кривични пријави.
„На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители“, објави МВР.
Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели министерката за образование, Весна Јаневска.ММФ ЌЕ ПРАВИ АНАЛИЗА ЗА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО МАКЕДОНИЈА
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка побарале да направат анализа на економскиите состојби во земјата.
Министерката ова го кажа во контекст на евентуалните реформи во Пензискиот фонд, каде што постојат дилеми за исплатливоста во работењето на вториот пензиски столб.
- Тие сега побараа да направат една анализа, ние се согласивме. Че направат анализа на пензискиот фонд и ќе дадат одредени препораки, за кои не значи дека треба дефинитивно да бидат прифатени од Владата, но се согласивме да работат на такво нешто, рече Димитриеска Кочоска.MOMЧЕ ИЗБОДЕНО ВО ЧЕНТО
Четиринаесет годишно момче било физички нападнато и неколку пати избодено со остар предмет од три лица во скопската населба Ченто.
Според официјалната објава во билтенот на МВР, напаѓачите Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје се уапсени затоа што на 22.06.2026 околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Просечната цена на увезен природен гас за снабдување на домаќинствата, за работа на индустријата, за производство на електрична енеггија и за топланите, во текот на минатата година се зголемила за дури 22,5 отсто.Во „Еуромакс Ресурсес“ ДОО Скопје, компанијата поврзана со проектот за рудникот Иловица-Штука, е впишана промена во управувачката структура.
Според првичните информации од владејачките партии познати се ресорите кои ќе бидат распределени во новиот владин состав по реконструкцијата, што укажува дека се подготвува теренот за избори, без оглед дали тие ќе бидат редовни или предвремени, додека пак реформската агенда може и да се оддолжи доколку се променат политичките приоритети, особено со можната блокада на изборниот законик.
