ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ БУЈАР ДАРДИШТА
Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица меѓу кои и Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење матични книги, кадар на ДУИ.
Информацијата во изјава за медиумите ја потври министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР - донација на ОКТА.
ФИЛИПЧЕ МУ ОДГОВОРИ НА ШИЛЕГОВ
Откако вчера Петре Шилегов реагираше за состојбите во СДСМ, и побара оставка од Венко Филипче, денес се огласи лидерот на партијата, Венко Филипче. Тој не го спомена јавно Шилегов, но вели дека ВМРО-ДПМНЕ преку член на СДСМ се обидела да и нанесе штета на партијата.
„Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.ОБВИНЕНИЕ ЗА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.
„Истрагата покажа дека во текот на октомври годинава, двајцата обвинети, со пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и со непрописно управување со отпадот можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата, опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителниот или животинскиот свет во поголеми размери“, велат од Обвинителството.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto printskrin Youtube
