Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата формира штаб за пукањето во Ист Гејт, се појавија фотографии од напаѓачот како седи во обложувалница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата формира штаб за пукањето во Ист Гејт, се појавија фотографии од напаѓачот како седи во обложувалница

ПОЛИЦИЈАТА ФОРМИРА ШТАБ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се огласи по повод вчерашното пукање во Ист Гејт Мол и наведе дека во МВР е формиран штаб кој ќе треба побргу да го пронајде сторителот и да ги испита мотивите.

- Безбедноста на јавните места не е загрозена и полициските служби се на терен. Активно се работи и формиран е посебен штаб во МВР, приклучени се тука одделот за криминалистички работи и форензика. Сите заеднички прибираат информации и податоци, како и докази заедно со Јавното обвинителство со цел да се утврдат фактите и да се открие сторителот, меѓутоа и мотивите, рече Спасовски.

Според министерот, вакви инциденти имало и ќе има, а како што рече тој, на МВР му е задача постојано да ги разбива криминалните групи.

СЕ ПОЈАВИЈА ФОТОГРАФИИ ОД НАПАЃАЧОТ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА

„Фокус“ обезбеди нови фотографии од човекот кој вчера попладне го рани Раде Трајковски – Штекли и неговиот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар „Ист гејт“.

Тие завршија во болница, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека тоа било криминална пресметка и дека го бараат сторителот.  Министерот рече дека е формиран штаб за таа намена. Вчера полицијата објави фотографија од напаѓачот и ги повика граѓаните доколку имаат информации за лицето да се јават на 192 или 112. 

УАПСЕНА ЖЕНАТА КОЈА ЈА НАПАДНАЛА ПЕЈАЧКАТА ЕЛЕНА РИСТЕСКА

Обвинителството излезе со детали за нападот врз пејачката Елена Ристеска, а осомничената доби и забрана за приближување. 

Основното јавно обвинителство Скопје информира поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи ѝ повреда на главата. Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв. Ценејќи ги сите околности, пред сè можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената“, информираат од ОЈО.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Министерството за транспорт и врски префрлило уште 3,5 милиони евра на сметката на јавното претпријатие „Државни патишта“ за проектот со Коридор 8 и Коридор 10Д кој го изведува конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Под притисокот на јавноста за лошото менаџирање и хроничен недостиг на термини за промена на лични документи МВР ангажираше фирма на која ќе плати 1,92 милиони евра (со ДДВ) за да го решава проблемот.

Наместо за 350 милиони евра, Владата самата себе си даде простор годинава да се задолжи за 502 милиони евра, и тоа на нето основа само на домашниот пазар.

Секој ден е различно, вели битолчанец кој превезува патници од Битола до главниот град.

Слично

Поврзани вести