ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицајци и инспектори му јавувале на газда Деко за контроли во „Пулс“
ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ МУ СЕ ЈАВУВАЛЕ НА ГАЗДАТА НА „ПУЛС“
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов.
Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како што биле запишани во неговиот мобилен - Началничка Марија, Цеце, Тодор Јованов, Весна Инспекторка приватен, Лазе Жти, Ацо командант, Магдалена Лиценца, Вики економија, Благица Диско...ОЈО БАРА МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЛИЦАТА КОИ ИЗБОДЕА ДЕТЕ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година.
Според првичните сознанија, тие на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.
„Предложените мерки вклучуваат – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, забрана за посетување на местото каде се случил кривично-правниот настан, забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители“, велат од ОЈО.ДВЕ ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КИСЕЛА ВОДА
МВР објави дека се лишени од слобода двајца скопјани поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во објектот кај „Рампа“ во Кисела Вода.
- На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени, информира полицијата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) и Светска банка(СБ) ќе анализираат, а Владата ќе одлучи дали ќе се зголеми старосната граница за пензионирање, но граѓаните се против.