Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поголема група маваше две лица во Куманово, инволвираните се идентификувани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поголема група маваше две лица во Куманово, инволвираните се идентификувани

ИНЦИДЕНТ ВО КУМАНОВО

Основното јавно обвинителство Куманово и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група.

„Речиси сите лица од објавената видео снимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија. По целосно утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката за што јавноста веднаш ќе биде информирана​“, додаваат од обвинителството. 

Претходно, се појави видео од бркотница во Куманово, каде повеќе лица бркаат два лица. Настанот се случил синоќа. 

Kумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски прашува кој се обидува да го наруши соживотот во Куманово и дали она што се случи е само изолиран инцидент. 

„Дали концертите кои пред пет дена го наполнија плоштадот со млади Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Црногорци и други можеби вознемирија поедини политички субјекти и самопрогласени авторитети па навлегуваат во веќе видени сценарија? Чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети?“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Куманово.

БЕКТЕШИ ВЕЛИ ОД 1 ЈАНУАРИ СТРУЈАТА НЕМА ДА ПОСКАПИ

Министерот за економија Крешник Бектеши пред почетокот на настанот Балкан Експо најави дека од 1 јануари за домаќинствата нема да има поскапување на цената на електрична енергија, а ќе поевтини таа за малите потрошувачи.

- Ние носиме одлуки и за заштита на буџетот, зошто тоа е буџетот на секој граѓанин на државата, и граѓаните да бидат снабдувани со електрична енергија. Така ќе биде до крајот на грејната сезона за електричната енергија и граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки  на електрична енергија, објави министерот.

РУСКИ ПРОЕКТИЛИ УСМРТИЈА ДВЕ ЛИЦА ВО ПОЛСКА

Ракети паднале во Полска каде  има загинати.

Премиерот Матеуш Моравјецки свика итна средба на националниот совет за безбедност и одбрана по извештаите за смртоносен ракетен напад во близина на полската граница со Украина.

Полската војска испратила авиони ловци по информацијата дека две лица се убиени во експлозија наводно предизвикана од ракетен напад. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се поголемите изгледи некогашниот градежен гигант „Бетон“ да влезе во стечај, и додадоа аргумет плус на Берзата уште повеќе да им ги отвори очите на инвеститорите кои евентуално би решиле да купуваат акции на оваа компанија.

Последниве години зачестија поплаките од компаниите дека потрагата по работници е отежната, а понекогаш дури и невозможна мисија. Ова особено се однесува на квалификуван кадар од повеќе стручни дејности кој недостига на пазарот.

Извори од ЕСМ брифираат дека во тековниот период ТЕЦ Неготино е вон функција и тоа е дополнителна причина што мора да се набавува увозна електрична енергија од странство. Од таму велат дека во тек се ремонтни активности и најрано до 1 декември електраната што работи на мазут нема да испорачува електрична енергија.

Берзата ги објави постигнатите финансиски резултати на котираните друштва за првите девет месеци од годинава.

Иако сме на средината од месец ноември, сепак имаме пријатно време надвор. Во екот на енергетската криза, ова им оди во прилог на граѓаните кои можат да заштедат на греење.

УНИ Банка има најголеми растови на сите позиции кои генерираат приходи, а просто се неверојатни релативните растови (изразени во проценти н.з.) на нето приходите од камати и од провизии и надоместоци.

Слично

Поврзани вести