Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено обвинение против Рашковски, а УЈП со детали за најмладиот и најстариот милионер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено обвинение против Рашковски, а УЈП со детали за најмладиот и најстариот милионер

ПОДНЕСЕНО Е ОБВИНЕНИЕ ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ

По неколкумесечна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против седум лица. На првообвинетиот му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, второ и трето обвинетите се товарат за помагање во извршување на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека останатите лица се обвинети дека помагајќи сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Во временскиот период од јуни 2017 година до февруари 2021 година, во Генералниот секретаријат на Владата на Р.С.Македонија, првообвинетиот, како службено лице, со умисла помогнат од второ и трето обвинетите, надворешни соработници, искористувајќи исти прилики, тројцата извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

НАЈМЛАДИОТ МИЛИОНЕР ИМА 8 ГОДИНИ

Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2020 година и истото остварило доход 1.016.947 денари (16.535 евра), а највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 96 години со вкупен доход од 4.570.535 денари (74.317 евра) И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина, информираше денеска Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.

Управата за календарската 2020 година изготвила и доставила пополнета Годишна даночна пријава, за 769.794 граѓани.

Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073 денари.

ОД МАНУ ВЕЛАТ АКО ИЗГУБИМЕ НАЦИЈА НЕ НИ ТРЕБА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, по повод денешното одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите изјави дека ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција.

Вели дека ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ. Според него, на Македонија ѝ е потребен нов фундаментален договор поддржан во континуитет од релевантните политички субјекти, независно дали се на власт или во опозиција. Коцарев рече дека во изминатите 30 години бевме сведоци на уништување на македонската држава. 

СТИГНА УШТЕ ЕДНА ГРУПА АВГАНИСТАНЦИ

Владата денеска информира дека доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје прифатена е нова група од 149 Авганистанци. Во Македонија досега пристигнаа вкупно 450 граѓани од земјата каде што талибанскиот режим повторно е на власт.

- Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства, велат од Владата.

Тие ќе бидат сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, а во соопштението се вели дека трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

ДЕНЕС ИМАМЕ 386 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.791 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 205, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кавадаречката економија е македонско бизнис чудо. Континуирано генерира раст, хетерогена е и многу отпорна на шокови. И на големиот тест лани, во годината на глобалното зло – корона вирусот, се покажа како многу жилава и успешна. Има шест компании со профити поголеми од еден милион евра, а пет од нив се во најпофитабилните сто домашни компании

Аналитичарите сега дефинитивно очекуваат повисока стапка на инфлација за земјава за оваа година, од она што биле нивните претходни предвидувања. Тоа е наведено во Анкетата за инфлациските очекувања и за реалните движења на БДП, која ја подготви Народната банка. Таа анкета, како што наведуваат од НБМ, била направена во периодот од 15 до 22 септември годинава, а се темели на прогнозите кои ги дале економски експерти.

Операторот на електропреносниот систем МЕПСО вели дека нема информации за тоа колку договори за снабдување од страна на снабдувачите на електрична енергија кон компаниите како големи потрошувачи се раскинати поради неколкукратниот пораст на цената на струјата на либерализираниот пазар. Вчера цената беше 270 евра по мегават час на слободниот пазар.

Косовската компанија Viva fresh store (Вива Фреш сторе) го купува штипскиот ланец маркети Кит-го, дознава Фактор. Според нашите информации договорот е веќе направен, а Вива фреш за сите маркети на Кит - го ќе искешира над 50 милиони евра. 

Слично

Поврзани вести