Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено обвинение против Бесија Иљази, поранешната организациска директорка на Токсикологија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено обвинение против Бесија Иљази, поранешната организациска директорка на Токсикологија

OБВИНЕНИЕ ЗА БЕСИЈА ИЉАЗИ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Во соопштението се наведува дека обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица.

ИНСПЕКТОРИТЕ ГИ КОНТРОЛИРААТ ЦЕНИТЕ КАЈ ТРГОВЦИТЕ

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.

МОЖНА Е ОПШТА ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Десетици илјади луѓе се раселени во Либан, додека Израел оди на нов бран напади врз државата.

Околу 90.000 либански граѓани се раселени од понеделникот, според Обединетите нации(ОН), бидејќи двете страни се поблиску до целосна војна.

Бројот на внатрешно раселените лица достигна повеќе од 200.000, додавајќи на 111.696 кои веќе беа принудени да избегаат од октомври минатата година, соопшти во средата Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA), пишува Еуроњуз. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Значително помал број на прегледи се закажани на Клиниката за неврологија наспроти бројот на термини кои се предвидени со „Мој Термин“. Неправилности во ангажирањето на кадар, како медицински така и шалтерски кадар, но и неправилности во управувањето со лековите кои клиниката ги добивала како донации утврди Државниот завод за ревизија.

Македонските граѓани сè почесто одат на море во септември и октомври. Од туристичките агенции во земјава потврдуваат дека цел септември имаат аранжмани за посета на повеќе земји, во регионот и подалеку.

И покрај тоа што Македонија има сопствена берза за струја која успешно работи година и половина, сите државни институции, установи, болници, школи, градинки и други установи плаќаат струја според цената што се постигнува на берзата ХУПЕКС во Унгарија

Обидот една голема, успешна и по сите параметри моќна банка, да преземе една помала банка во земјава, не успеа. Неочекувано за многумина, а и разочарувачки за оние кои веруваа во позитивниот исход, пропадна обидот за купување на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка.

Граѓаните на Либан живеат во постојан страв. Израелските напади кои започнаа во понеделникот го потресоа јужниот дел на земјата, оставајќи пустош, разрушени домови и разбранувани емоции. 

Слично

Поврзани вести