Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Палевски за грабнување и убиство на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Палевски за грабнување и убиство на Вања и Панче

ПОДНЕСЕНО Е ОБВИНЕНИЕ ЗА ПАЛЕВСКИ

Вања Ѓорчевска е лишена од живот со умисла и на свиреп начин. Ова го тврди Обвинителството, кое денеска поднесе обвинение за Љупчо Палевски Палчо, кој е првоосомничено лице. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за:

– едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,

– едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик и  едно кривично дело  –  Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик, соопшти обвинителството.

ПОЖАР ПОВТОРНО ИМА ВО ПЕХЧЕВО

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански за Тв 24 денеска изјави дека закани по населени места, но гореше планината Буковиќ. Рече дека претходно имале чист воздух, но сега глетката е страшна. 

За изгореното возило во пожарите, рече дека ќе набават ново. 

„Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево утре 13.08.2024 (вторник ) во 05:00 часот да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, гребули и пумпи! Заедничкото заминување за гасење на пожарите е со цел подобра координација на теренот“, пишува тој на Фејсбук. 

Вчера попладне избувна нов голем пожар во Пехчево, каде освен што страда природата, настрада и единственото противпожарно возило на ДПД Пехчево.

ВО СОБРАНИЕТО Е УСВОЕН РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

Собранието попладнево го донесе ребалансот на Буџетот. 

Пратениците со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвоија ребалансот на Буџетот за 2024 година.

Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции. Понатаму, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.

УКРАИНА ДРЖИ ПОД КОНТРОЛА 1.000 КВАДРАТНИ КИЛОМЕТРИ ВО РУСИЈА

Украина објави дека освоила 1.000 квадратни километри во Русија. 

Главниот воен командант на Украина, Олександар Сирски потврди дека Киев контролира околу 1.000 квадратни километри од руската област Курск, што е негов прв јавен коментар откако Украина ја почна својата најголема прекугранична офанзива во речиси две и полгодишната војна.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Годинава имаме сушно лето, а тоа им отвора многу работа на земјоделците и мораат да наводнуваат на два-три дена.

Најголемата градежна македонска компанија за шест месеци има добивка која 75 отсто е сочинета од дивиденда на нејзините акции во „Комерцијална банка“. Од нив „Гранит“ наплати 1,7 милиони евра дивиденда. Неговите акции во таа банка сега вредат 40 милиони евра. Визионерски потег било нивното купување, а дивидендата од нив е столб на кој „Гранит“ може да се потпре сега кога времињата се неизвесни, а работата очигледно помалку оди...

Се дозна цената по која Комерцијална банка сака да ја купи Стопанска банка Битола

Симнуваме капа за профитот на Комерцијална банка. Тој е над 46 милиони евра за првите шест месеци од годинава, и има раст од 42,16 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Слично

Поврзани вести