ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнаа разговорите на коалициските партнери за најавената реконструкција на Владата
ПОЧНАА РАЗГОВОРИТЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА
Откако ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја одбележа 36-годишнината од основањето, владејачката партија денеска и утре води разговори за реконструкција на Владата.
„Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали“, рекоа денес од Владата.
Според првичните брифинзи со медиумите, предвидени се средби на маса со политичките партии ЗНАМ и Влен.
ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОРПоранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, доби 30-дневен притвор од судијата на претходна постапка, поради обвинението поднесено против него од Обвинителството за гонење на организиран криминал за наводна проневера на околу 2 милиони евра.
Притвор од 30 дена доби и Олгица Младеновска, раководителка за финансиите за време на неговиот мандат, која исто е меѓу осомничените за овој криминал.
„Првоосомничениот, во својство на претседател на ФФМ, (се мисли на Ѓорѓиоски – н.з.) заедно и по претходен договор со осомничената раководителка на Одделението за финансии и сметководство (се мисли на Младеновска – н.з.), во периодот од 1 јануари 2015 година до 25 јули 2018 година, преку повеќе временски поврзани дејствија, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за други лица, присвоиле парични средства доверени во службата во вкупен износ од 127.451.156 денари“, се вели во соопштението на обвинителството.ПОДНЕСЕНО Е ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИЕЦОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ
По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик.
Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Согласно извршените вештачења во текот на истрагата делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
Љупчо Грнчиштанов, едно од лицата обвинети во предметот поврзан со трагедијата во Кочани, почина на 54-годишна возраст.
Јавното обвинителство е известено за случајот. Според првичните информации, на Грнчиштанов му се слошило во домашни услови, по што починал. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција.
Грнчиштанов беше опфатен со обвинението за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Тој од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
