ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна вакцинацијата без закажување, но за децата сепак ќе треба да се закаже
ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН
Почнувајќи од денеска, вакцинацијата против Ковид-19 ќе се спроведува без закажан термин. Здравствените власти се одлучија на ваков чекор со цел да се забрза вакциналниот процес сега, во период кога делта варијантата го зазема приматот во повеќе европски земји.
ЗА ДЕЦАТА ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАКАЖЕ
Вакцинацијата на децата од 12 до 16 години сепак ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на во поликлиниката Шуто Оризари, каде и таму беше отворен вакцинален пункт.
-Ова мора да биде така, бидејќи она што е важно е дека во една вијала на вакцината на Фајзер има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори треба да се вакцинираат 6 деца. Затоа е потребно да се направат термини. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12-до 16 години, рече министерот Филипче.ЗА 24 ЧАСА ИМАМЕ 5 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.749 тестирани, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 3 и Скопје – 2.
Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Велес – 2, Скопје, Прилеп, Тетово и Пехчево- по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.До крајот на летото можеме да се надеваме на колективен имунитет.
СИТЕ ОЧИ СЕ ВПЕРЕНИ КОН БУГАРИЈА КАДЕ СЕ СУМИРААТ ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
На 98,92 отсто од пребројаните гласови, Слави Трифунов од „Има таков народ“ го презеде водство од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Бугарската социјалистичка партија (БСП) останува трета со 13,51 отсто од гласовите. Следна е „Демократска Бугарија со 12,56 проценти.
Изборниот цензус од 4 проценти, според сегашните резултати, го поминаа и Движењето за права и слободи (ДПС) со 10,66 отсто и „Исправи се! Излези“ со 5,03 проценти.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
