Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна учебната година за 245.000 ученици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна учебната година за 245.000 ученици

ПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.  

Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Вештачката интелегенција влегува во наставата, а образовни асистенти ќе можат да добијат и средношколци. 

ОБВИНЕТИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ „ГЕРИЈАТРИЈА“ НЕГИРААТ ВИНА

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ОД АНБ ГО ПРИСЛУШКУВАЛЕ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните ресурси за да го преслушкуваат него, но и бизнисмени и новинари.

„Јас не би можел да зборувам за деталите, претпоставувам и директорот ќе го каже тоа, бидејќи тоа е државна тајна и така се класифицирани тие документи. Но, едно е факт, дека двете агенции и Агенцијата за разузнавање и АНБ темелно се занимавале со во тоа време претседателот на најголемата опозициска партија, т.е. со мене, меѓу другото и со бизнисмени и со новинари. Така што еве да оставиме време периодов процесот да тече, да видиме обвинителството што ќе каже, судиите нормално во еден судски процес. Јас сум навикнат, еве истекува осмата година како сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ навикнат сум на таков тип на луѓе и не ме изненадува тоа бидејќи и тогаш стигаа до нас информации што сè се случува“, изјави Мицкоски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Досега многу мали земји се натпреваруваа со ниски даночни стапки за да привлечат странски компании. Со глобалниот данок, оваа предност се намалува, што значи дека Македонија ќе мора да нуди и други услови – стабилни институции, предвидливи правила, квалификувана работна сила.

Со столпчиња на средина од коловозот, Општина Центар го реши проблемот кој со години ги мачеше локалните жители - узурпација на улицата „Костурски Херои“ кај Универзалната сала, со што практично е невозможно да се паркираат автомобили, велосипеди, но и таксисти кои досега таму чекаа случајни патници.

Бројот на невработени лица во земјава од месец во месец се менува, а по подолг период кога беше забележан пад на невработените во нашата држава, летово бројките повторно добија нагорна линија.

Блокади, долг и никакви активности - вака може да се опише „Зока Енерџи Солушн“ од Неготино, фирмата чиј проект „Фабрика за производство на зелена енергија“ во 2021 година беше претставен како стратешки, а кој предвидуваше од ѓубрето да се добива електрична енергија. 

Слично

Поврзани вести