Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна судењето за пожарот во Кочани, судијката вети правда

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна судењето за пожарот во Кочани, судијката вети правда

ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

Почна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 луѓе во март годинава. 

Обвинителот Борче Јанев изјави дека денеска се бара одговорност по име и презиме, а општеството мора да се соочи со болната вистина и да извлече легитимни одговори за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не спречил, бидејќи, како што рече, се бара правда не како утеха или одмазда, туку како последица на незаконитост. 

Рече дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на години институционален молк, пропусти и недостиг од контрола кои го претвориле клубот во „смртоносна стапица“.

Во пожарот имаше и 200 повредени. Во објектот имало гости повеќе од дозволеното, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал вода и не ја истурил“, изјави обвинителот Борче Јанев во воведниот збор на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нагласувајќи дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на серија институционални пропусти и неодговорност.

ДЕЛ ОД РОДИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ПРАВАТ ОБИДИ НИВНАТА БОЛКА ДА БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА

На почетокот од денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, семејствата на загинатите повторно изразија длабоко разочарување од текот на постапката, оценувајќи дека адвокатите на обвинетите ја одолговлекуваат и манипулираат со процесот.

Таткото на починатиот Андреј Стојанов, еден од шеесетината млади кои го загубија животот во пожарот, изјави дека уште на самиот почеток забележале „скептицизам и веќе разработена шема“ меѓу одбраната.

ПРЕЗЕНТИРАНО СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕТО ЗА ВЕАПОСКА

Супервештачењето во судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска покажало пропусти во постоперативниот период. 

Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски рез на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар, на која по породувањето и беа отстранети три органи – матка, јајник и бубрег, покажале резултатите од супервештачењето од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје.

Одговорноста, според презентираниот извештај ја сноси докторот – хирург кој ја извел интервенцијата, во случајот првоосомничениот, гинекологот Мухамед Асани.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Професорот од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, воедно и познат колумнист Дарко Лазаров вчера беше избран од Собранието за член на Фискалниот совет. 

Денес почнува судењето за најголемата трагедија во поновата македонска историја, за згаснатите 63 животи во Кочани, во импровизираната дискотека „Пулс“, кога пожар предизвикан од пиротехнички средства на 16 март ја обви земјата во црно.

Светозар Јаневски целосно ги купи уделите на своите партнери во „М-6“ ДОО Скопје, фирма која контролира 80 отсто од акциите во винарската визба „Тиквеш“, но има висок процент на акции и во „Охридтурист“.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки (од Тему,Амазон,Али Експрес итн.)со вредност до 22 евра.

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести