Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна собирањето на потписи,10.000 се услов за влез во претседателската трка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна собирањето на потписи,10.000 се услов за влез во претседателската трка

TРКА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ

На првиот Конгрес на политичката партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија што се одржа синоќа во Скопје е официјализирана претседателската кандидатура на Максим Димитриевски.

Димитриевски во својот говор истакна дека доколку биде избран за шеф на државата, ќе се заложи да се одредат црвените линии од кои нема отстапување.

-Политиките кои ќе се спроведуваат доколку граѓаните ни ја дадат довербата, ќе имаме модерна европска и силна држава Македонија. Силна економија и институции, владеење на правото, здравство за сите, доколку ова го оствариме ние ја имаме Европа дома, порача Димитриевски, кој пред присутните се заблагодари за довербата да влезе во трката за претседател на државата.

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев вели дека помина времето на лајкови, сега е времето на потписи. 

Тој ги повика симпатизерите да покажат дека Левица не е „Фејсбук партија“.

НА ИНВОЛВИРАНИТЕ ВО УПАДОТ ВО М-НАВ ИМ СЕ УКИНУВА ПРИТВОР И ДОМАШЕН ПРИТВОР

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за 6 лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливсот.

НАШИНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ДА ГИ ИСКОРИСТАТ БАЗНИТЕ СТАНИЦИ ВО ДИПЛОМАТСКО - КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, на својата Фејсбук страница, упати повик до македонската дијаспора дека освен патниот лист, има можност и да ги искористи и  базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија.

-Проектот за поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва е отпочнат 01.10.2021 година и до 09.02.2024 година вкупно 47.726 граѓани ја имаат искористено оваа можност да извадат патна исправа преку ДКП-та, напиша Бојмацалиев.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Престојните претседателски избори после долги години ќе бидат вистинска „битка“. За прв пат по 2009 година се пријавени голем број кандидати, дури девет лица, две повеќе од 2009 година, кога имало седум. Силите ќе си мерат поголемите политички партии, коалиции, но и еден независен кандидат.

ЕСМ објави повик за набавка на висококалоричен јаглен од рекордни 1,4 милиони тони, а во тендерската документација може да се прочита дека тој ќе се меша со постоечкиот пелагониски лигнит кој ќе се ископува во рудниците на РЕК Битола. Претходно експерти предупредуваа дека ваквото комбинирање може да предизвика контраефект.

Прво за неа се бараа дури еден милион евра, па потоа очекувањата се симнаа на 600 илјади. Но, никој не ја сакаше, за сега да се нуди за 350 илјади евра. Но, дали и за оваа сума ќе се најде купувач, останува да се види во понеделник наредната недела.

Продолжува трендот членови на раководните органи на Комерцијална банка да купуваат акции на нашата најголема банка, и најуспешна банка за минатата година, а која тукушто објави дека ќе дели дивиденда од 910 денари по акција на бруто износ за своите акционери. 

Македонските компјутерџии повторно го кренаа просекот на платите во земјава. Традиционално вработените во секторот комјутерско програмирање се најдоа на врвот меѓу топ петте највисоки плати во Македонија за месец декември.

Стигна и официјална потврда на информацијата на Фактор за сумата на дивидендата што ќе ја дели Комерцијална банка.

Трите клучни фактори од кои зависи износот на дивиденда одат целосно во прилог на тоа дека акционерите на Комерцијална банка годинава ќе добијат историски највисока награда за нивните вложувања во акциите на најголемата домашнопоседувана деловна банка

Слично

Поврзани вести