ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна првата фаза од пописот, а Геогриевски е подготвен на дебата да ги образложи ставовите
СТАРТУВАШЕ ПРВАТА ФАЗА ОД ПОПИСОТ
Од денес 1 март стартува првата фаза од попишувањето кое ќе се одвива до 21 април.
Околу 5055 реонски попишувачи и 506 реонски инструктори ќе го прават попишувањето кое денес стартува во затворите, дипломатските и конзуларни претставништва, потоа на дијаспората, бездомниците и припадници на АРМ во странство.
По тој повод, првиот човек на ДЗС Апостол Симовски заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ беа да проверат како оди пописот во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.ГЕОРГИЕВСКИ Е ПОДГОТВЕН ДА ДЕБАТИРА ЗА ОНА ШТО ГО ПРЕДЛОЖИ ЗА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИОТ СПОР
Мислењето на Љубчо Георгиевски за решението околу актуелниот македонско- бугарски спор е негово лично мислење. Ние ниту некогаш сме преговарале ниту ќе преговараме за националниот идентитет. Тој е загарантиран со универзалните права и е прашање кое е јасно и недвосмислено, вели денеска премиерот Зоран Заев прашан за коментар околу ставовите кои Георгиевски ги искажа викендов јавно.
Додека јавноста се разбранува за неговите гледишта, Георгиевски денеска повторно се јави. Вели:
„Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел, напиша Георгиевски.ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ИМА 234 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1.
Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип – по 2, Берово и Богданци – по 1.
КОЦАРЕВ РЕТЕРИРАШЕ ЗА УКИНУВАЊЕТО НА КАТЕДРАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, изјави денеска дека се радува што се покажале како неточни неговите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје.
„Се радувам што на Филолошкиот факултет не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и книжевност. Посакувам во идните реорганизации на Факултетот, рамо до рамо со различните отсеци, секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенски јазици и за македонска книжевност и јужнословенска книжевност. Сите досегашни изјави и текстови поврзани со ова се мои лични изјави, со една единствена цел, заедно и достоинствено да ја прославиме годината на Блаже Конески“, изјави, за Канал 5 академик Коцарев.
Тој претходно ја разбранува јавноста, а посебно универзитетските кругови, со тврдењето за укинување на Катедрата по македонски јазик.
Професорката на Филолошки факултет при УКИМ, Румена Бужаровска, ги искоментира како „брука“ изнесените тврдења во јавноста на претседателот на Македонската академија на науките и уметности, Љупчо Коцарев, кој наведе дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и македонска книжевност.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
