Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна процедурата за избор на техничка Влада, има пресуди за автобуската несреќа кај Ласкарци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна процедурата за избор на техничка Влада, има пресуди за автобуската несреќа кај Ласкарци

ПОЧНА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗБОР НА ТЕХНИЧКА ВЛАДА

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска доцна попладне официјално си поднесе оставка пред да биде изгласан за нов технички премиер на преодната влада.

„Почитувани граѓани, само што ја поднесов оставката од позицијата претседател на Собранието. Со чувство на гордост и исполнетост зашто во двата мандати бев претседател на сите пратеници и граѓани; работев одговорно, професионално, независно и отчетно пред Вас. Така и ќе продолжам во следниот предизвик“, објави досегашниот спикер.

Џафери ќе го наследи Димитар Ковачевски во последните 100 дена пред парламентарните избори. 

ПРЕСУДИ ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ЛАСКАРЦИ

Казна од 14 години затвор доби возачот Маноил Јаковлевски, кој на кобниот ден го возел автобусотр за Ласкарци, и иако знаел дека уредот за мерење на брзината е расипан, возел со повисока брзина од 99 киломертри на час, иако дозволемната брзина била 80 кило,метри на час. 

Сопственикот на Дурмо Турс Дурмиш Белули ќе лежи казна затвор од 4 години, Ремзи Мифтари вработен во неговата комапнија доби казна од 6 години, додека Игор Ѓоргиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски имаат по петѕ години затвор.

Највисока казна доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кој заработи 14 години кзана затвор.

УАПСЕНА КРИМИНАЛНА ГРУПА

Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, а вршела и убиства во Скопје.  Ова попладнево го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

„Под раководство на Обвинителство, лишени се од слобода лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во набавка на кокаин и вршење на тешки кривични дела – убиства. Повеќемесечната истрага придонесе да се обезбедат доволно докази против пријавениот Ш.М. (47) од село Грчец, кој заедно со сега починатите О.Б. и Ј.К. организирале криминална група. Била формирана со цел вршење убиства од користољубие“, вели Спасовски. 

Тој напомена дека „оваа криминална група која делувала на меѓународно ниво набавувала кокаин од Еквадор, Перу, Бразил и Боливија. Плановите и договорите ги правела преку непосредни контакти. Од досега спроведените мерки е документирано дека оваа група организирала две набавки на кокаин до земјите од ЕУ и Македонија. 435 килограми кокаин набавен од Бразил и транспортиран до пристаништето во Антверпен, Белгија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

УЈП спреми 292.000 евра за привремени вработувања кои ќе ги реализира преку агенцијата „Контакт Бизнис“ од Скопје. 

Почнуваат ли и останатите градови од Македонија да растат со слично темпо како и главниот град. Стануваат ли примамливи за градежните инвеститори, или сепак Скопје останува и понатаму „медот“.

Јануари е месец со повеќе празници, но и повеќе трошоци. Нова година, Божиќ, Водици се денови за кои се спрема побогата трпеза од вообичаено, а дел од граѓаните ја слават и Стара Нова година.

Новинарите објавуваат текстови, но состојбите во реалноста не се менуваат. Најголемите државни должници остануваат да бидат тоа, а нивните неплатени обврски никако да се намалат. 


Слично

Поврзани вести