Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна постапката за екстрадиција на Палевски, адвокатот е повикан во полициска станица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна постапката за екстрадиција на Палевски, адвокатот е повикан во полициска станица

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЧО

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.

АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ Е ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА

Адвокатот Васко Стојков попладнево е викнат во полициска станица на распит. Стојков пред неколку дена изјави дека тој со неговото возило го однел Љупчо Палевски - Палчо во Белград на преглед и истиот ден се вратил во Македонија. Стојков вели дека тогаш воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство.

Тој го однел Палевски во Белград на 3 декември, истиот ден кога малата Вања веќе била убиена.

ПАЛЧО ШИРЕЛ ГОВОР НА ОМРАЗА КОН СВЕШТЕНИЦИ

Во деновите што одминаа, нашето општество се помрачи, за жал, и со тешката вест за еден грозоморен духовен мрак. Сите ние разбравме за свирепото убиство на еден повозрасен честит човек и на едно невино јагне Божјо, 14-годишно немоќно девојче. И кој нормален човек би можел да остане рамнодушен на една таква вест, да не се вознемири и згрози од едно такво сатанско дело?! Едноставно, секоја човечка душа се исполнува со горчина и јад поради едно такво ѕвероподобно злосторство. И се разбира, бара одговорност. Бара победа на правдата. Природно му е на човековиот дух да се стреми кон справедливост. Не кон омраза, не кон одмазда, но кон правда. Оти едно од својствата на нашиот Творец е справедливоста.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните се вознемирени од двојното убиство кое ја потресе Македонија, односно убиството на Панче Жежовски од Велес и младата Вања Ѓорчевска од Скопје.

Цените на храната остануваат и понаму во фокусот на граѓните, што се должи и на поскапувањето и на фактот оти најголем дел од платите на работниците во земјава одат на покривање на основните трошоци, меѓу кои е и храната.

Според финансиската програма, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат вкупно околу 250 милиони евра за првата година од изградбата на автопатите од Коридорот 8 и Коридорот 10Д, а досега се исплатени околу 190 милиони евра.

Час работа за еден булдожер на „Марковски компани“ во РЕК Битола чини 264 евра. Сите 10 ангажирани булдожери на Борче Марковски на час му носат приход од 2.640 евра што го плаќа најголемиот производител на струја во земјава. 


Слично

Поврзани вести