ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна обуката на кандидатите кои сакаат да станат пожарникари
ПОЧНА ОБУКАТА ЗА ПОЖАРНИКАРИ
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари.
Според директорот Стојанче Ангелов, сите кандидати кои биле избрани ги исполнувале критериумите и истите по завршување на обуката ќе бидат распоредени таму каде што е најпотребно.
Претседателот на противпожаниот сојуз очекува кандидатите да ја поминат обуката која покрај Скопје се одвива и во 12 други градови каде ќе се обучат 364 кандидати кои потоа ќе бидат распоредени по општините од кои доаѓаат.
ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАЈДЕ МОМЧИЊАТА КОИ СЕ СНИМАА КАКО ВОЗАТ ВОЗИЛО БЕЗ ТАБЛИЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА
МВР објави дека се поднесени пријави против момчињата кои дивееја со автомобил по скопските булевари, а при тоа едниот играше качен на хаубата, а другиот ја отвори вратата додека возилото бше во движење.
УБИСТВО ВО БОЛНИЦАТА ВО БАРДОВЦИ
Осуденик за убиство со шише отепал осуденик за семејно насилство во психијатриската болница во скопски Бардовци, извести МВР.
НА ДРЖАВНАТА МАТУРА ОВАА ГОДИНА ПРОСЕЧНАТА ОЦЕНКА БИЛА ПОВИСОКА
Министерката за образование Весна Јаневска објави дека просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69.
Тоа е просекот од вкупните резултати од јунскиот испитен рок во кој пријавени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици.
Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3.26 и од тоа што, како што рече, немало голем број препишувања. Како што рече, 172 матуранти се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот. Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ КУМАНОВЕЦ КОЈ САКАЛ ДА ВНЕСЕ ТРАНСПАРЕНТ НА НАТПРЕВАРОТ
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска уапсија триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина.
По расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото ДЗС
