Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна хиперхлорирањето на водоводот во Гостивар

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна хиперхлорирањето на водоводот во Гостивар

ПОЧНА ХИПЕРХЛОРИРАЊЕТО НА ВОДОВОДОТ ВО ГОСТИВАР

Во градот Гостивар почна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа.

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева дека до крајот на оваа недела или почеток на наредната Гостивар ќе има техничка вода, а до крајот на наредната недела и вода за пиење.

„Преземени се технички чекори за чистење и испирање. Денес се изврши чистење на каптажата (изворот) и започна испирање на примарната мрежа. Поставен е систем за дополнително хлорирање (хиперхлорирање) на водата на самиот извор (со вредност 0,8), што е во рамки на законски дозволениот максимум и нема негативно да влијае врз здравјето на луѓето“, рече Тошковски.

Во моментов на терен се распоредени четири цистерни на следните локации:

  • Кај Болницата во Гостивар – цистерна од 5,5 тони вода за пиење;
  • Кај Здравствениот дом – цистерна од 2 тони техничка вода;
  • Кај Детската градинка – цистерна од 8 тони техничка вода;
Кај ОВР-МВР Гостивар – цистерна од 6 тони вода за пиење.

ВОДАТА ВО КРУШЕВО ДА НЕ СЕ ПИЕ

Oд Центарот за јавно здравје – Прилеп соопштија дека водата во Крушево е бактериолошки неисправна. 

При редовната контрола на квалитетот и безбедноста е констатирано отсуство на резидуален хлор, како и присуство на бактерии од цревно потекло.

За ваквата состојба денеска, 23 јули 2026 година, веднаш биле известени надлежните државни институции и раководството на ЈКП „Комуна“ – Крушево.

Од ЦЈЗ – Прилеп им препорачуваат на крушевчани за пиење да користат исклучиво пакувана вода.

АХВ НАПРАВИ ВОНРЕДНИ КОНТРОЛИ И ОТКРИ НЕПРАВИЛНОСТИ

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во текот на вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и други оператори со храна. 

Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.

ПОЧНА КАЗНУВАЊЕТО ПО НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

Полицијата започна со примена на новите правила за управување со електрични тротинети, а досега се изречени вкупно 12 парични казни за различни прекршоци.

Новите одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули, со што беа воведени построги правила за лицата што управуваат со електрични тротинети.

Највисоката изречена казна изнесува 100 евра и се однесува на лице кое користело мобилен телефон додека управувало со тротинет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

По неодамнешниот инцидент со водата за пиење во Гостивар, меѓу скопјани започна да се шири тивка паника и неосновани гласини за наводна неисправност и на водоводната мрежа во главниот град. Водени од страв и непрегледни информации кои брзо се шират „од човек од доверба“, сè поголем број граѓани деновиве купуваат флаширана вода во маркетите.

Ќе бидат ли позаштитени производителите на винско грозје со измените на Законот за вино кои ги предлагаат опозициските пратеници или ќе остане ова уште еден обид за подобрување на нивните права.

Македонските граѓани и натаму повеќе сакаат од рурална да заминат во урбана средина. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) за 2024 година. Помал е бројот на луѓето кои од град ќе отидат да живеат на село. 

За финансирањето на бизнисот со т.н.„унгарски креди“ во текот на минатата година сме платиле 3.765.216 евра од буџетот за субвенционирањето на каматите од страна на стопанството.

Некои „срања“ не се перат така лесно и не смее да се заташкаат, за да се истестира познатата максима на македонското општество - секое чудо за три дена. Во недостиг на општествен револт, за политички да се преживее одреден скандал како труењето на граѓаните на Гостивар со фекалии директно преку јавната водоводна мрежа, доволно е да се приведат неколку локални директори, да се обвини претходната власт за негрижа на системот и преку партиски соопштенија да се води правната битка. 

Слично

Поврзани вести