ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна големата акција за чистење на Скопје
ПОЧНА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека акцијата за чистење на градот е почната.
Вети дека за брзо, градот ќе блесне.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне - уредено и достоинствено, токму како што доликува“, пишува тој.
Ѓорѓиевски денеска ја презема функцијата од екс градоначалничката Данела Арсовска. Тој најави и ревизија.УАПСЕН Е ДИРЕКТОР ПОРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО
Директор на една државна агенција именуван од актуелната власт попладнево е проведен под сомнение за примање поткуп, неофицијално дознава Press24.
Станува збор за И.С. кој раководел со држана платежна агенција. Официјана потврда се уште нема, но и Обвинителатвото и МВР потврдуваат дека се спрпведува голема акција.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, велат од ОЈО ГОКК.
ЈАНЕВСКА НЕМА ДА МУ СЕ ЛУТИ НА МИЦКОСКИ АКО ЈА СМЕНИ
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку има реконструкција на Владата и биде смената од ресорот што го предводи.
На новинарско прашање дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование и наука или ќе раководи со друг ресор, Јаневска одговори дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи.
РОКАС КАЖА ДЕКА НЕМА НАПРЕДОК ВО СУДСКИТЕ РЕФОРМИ
Евроамбасадорот Михалис Рокас го презентирaше во Владата извештајот на Европската Комисија(ЕК) за напредокот на Македонија и повика на забрзани реформи, уставни измени и обединета Европа.
„Се соочуваме со геополитички пејзаж кој брзо се менува, и само со обединување на Европа ќе обезбедиме и мир и просперитет на континентот“, порача евроамбасадорот Михалис Рокас на прес-конференцијата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Владата.
Рокас истакна дека сега е време да се искористи шансата за забрзување на реформите и нивно поодлучно спроведување.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
