Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна чествувањето на Илинден, Ковачевски од Крушево повика да покажеме патриотизам на дело

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна чествувањето на Илинден, Ковачевски од Крушево повика да покажеме патриотизам на дело

KOВАЧЕВСКИ СЕ ОБРАТИ ВО КРУШЕВО

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва од Крушево порача дека секоја борба вреди ако има крајна цел. 

За револуционерите, вели дека ставиле пред себе голема идеја. Вели дека на илинденските идеи, денес ја градат Македонија. Ковачевски кажа дека продолжуваат по патот кон ЕУ. 

„Оттука има само напред. Не постои сила што може да застане на патот на европскиот напредок на нашата држава“, рече премиерот. 

Ковечевски рече дека не им доликува да се откажуваат од битки. Вели дека ако некој кочи прогресивни идеи, тогаш неговите интереси не се во интерес на државата.

„Имаме обврска да јуришаме кон европската иднина“, изјави Ковачевски. 

Вели дека сега водиме битка за сегашноста и иднината. Граѓаните ги повика да покажат патриотизам на дело. 

ЈОВЕСКИ И РУСКОВСКА СО СПРОТИВСТАВЕНИ СТАВОВИ

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за Алсат вели дека јавниот обвинител Љубомир Јовески нема законско право да се меша во постапувањето по конкретен предмет. Претходно од ОЈО соопштија дека констатирале неправилности кај обвинителите што извршија претрес на работата на директорот на УФП Арафат Муареми. Оттаму додаваат дека од обвинителките биле побарани одредени информации, но Русковска негира дека и таа била повикана да даде изјава.

„Не, од мене не е побарано да доставам изјава,“ изјави Русковска.

Понатаму, од ОЈО информираат дека лицата од Управата над кои се вршел претресот имаат полициски овластувања, па затоа за нив може да постапува единствено Специјализираното одделение за гонење кривични дела извршени од лица со полициски овластувања.

ПОЧИНА ИЛИНКА МИТРЕВА

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека е почината поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.

„Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи.

Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.

Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Ресен, Пробиштип, Кичево и Демир Хисар воопшто нема слободни работни места. Ваква беше состојбата за викендот. Едно слободно работно место имаше во Дебар, и по две во Валандово и Свети Николе, додека во Берово имаше три.

ТЕЦ Неготино потрошил мазут од безмалку 5 милиони евра за неполн месец откако започна повторно со работа во екот на енергетската криза од 18 декември лани, но не постои пресметка колкава е исплатливоста од рестартирањето на термоелектраната за краткиот период на крајот од 2021. 

Додека некому не му се стемни, на друг нема да му се раздени! Основна  економска вистина, која во украинската несреќа создаде простор за други заборавени или подзаспани железари и челичарници. 

Финансиските податоци од најновите биланси на трите најголеми банки покажуваат дека нивните акции и понатаму ќе бидат вложувања со пристоен  потенцијал и, што е многу важно во овие несигурни времиња, најсигурна перспектива од понудата на нашиот пазар на капитал.

Слично

Поврзани вести