Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Владимир Блажев-Панчо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Владимир Блажев-Панчо

ПОЧИНА ПАНЧО ОД ДНК

Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, починал утрово во 10 часот, по долго лекување во „Систина“.

Панчо извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.

Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени.

Од „Систина“ изразија сочуство до семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност.

Обвинителството ја потврди веста дека по неколку месеци борба за живот, почина Владимир Блажев – Панчо, кој беше тешко повреден во пожарот во „Пулс“ во Кочани.

„Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба“, соопштија од ОЈО.

МИЦКОСКИ Е СРЕЌЕН ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера објави дека Европската Унија ќе отвори две „фабрики за вештачка интелигенција“ (центри за развој на вештачка интелигенција) во Западен Балкан, едната во Македонија, а другата во Србија.

Мицкоски рече дека Владата континуирано работела на реализација на овој проект. 

„Тоа е проект предводен од владата, поточно Министерството за дигитална трансформација. Тоа е нешто одлично за граѓаните на Македонија. Бидејќи за прв пат ќе ги користиме нашите локални ресурси, го направивме ова со факултетите на ФЕИТ и ФИНКИ, со колегите од таму. 

РУСКОВСКА ВЕЛИ ДЕКА БОКИ 13 ПАРИТЕ ГИ ОДНЕЛ ДОМА КАЈ НЕГОВИТЕ

Не сум ја проверувала сопственоста на телевизијата за која Боки 13 се претставуваше како сопственик бидејќи не сум имала потреба да го сторам тоа пред да почнат постапките за „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, вели поранешната шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русовска во телевизиско интервју. 

„Имаше билброди за таа телевизија. Што правеше полицијата тогаш, ние сме орган за прогон, не сме орган за откривање на кривични дела. Некој треба да го открие кривичното дело за да ние реагираме“, рече Русковска. 

За Бојан Јовановски - Боки 13 вели дека не се движеле во исти кругови, но го гледала во кафулиња каде седеле одделно, со различни луѓе. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оние кои отвораат дуќани, треба да изберат добра локација која ќе направи да бидат видливи и лесно достапни за муштериите. Добрата локација е нешто што помага бизнисот брзо да се развие. 

Периодот до 2020 година изгледаше како време во кое доаѓа „бум“ на инвестиции во канабисот - беа отворени неколку десетици фирми кои имаа за цел да одгледуваат канабис за медицински цели, а кои требаше да ја „размрдаат“ македонската економија.

И Стефан Богоев, еден од поранешните профилирани функциoнери на минатата власт, реши да се испроба како самостоен бизнисмен, следејќи го примерот на своите колеги-раководители кои сега се претприемачи.

Локалните избори 2025 година во јавноста изнедрија нови лица кои досега не сме ги гледале во политички контекст.

Слично

Поврзани вести