Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина кралот на ромската музика Ферус Мустафов

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина кралот на ромската музика Ферус Мустафов

ПОЧИНА ФЕРУС МУСТАФОВ

Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов починал синоќа во ГОБ „8 Септември“, каде беше хоспитализиран откако доживеа мозочниот удар кон крајот април. Тажната вест за ММС ја потврдила неговата сопруга Јелена, која изјавила дека ќе му ја исполнат последната желба, а тоа е да биде погребан во Штип.

„Починал ноќеска, нам лошите вести утрово нѝ ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе нѝ се врати, но за жал нѝ замина. Многупати досега кажал дека кога ќе дојде судниот ден сака да биде погребан во Штип. Тоа е негова последна желба и ќе му ја исполниме, вели Јелена за „ММС“.

ВО МОН СТИГНАЛЕ НАД 20 ПРИЈАВИ ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Во Министерството за образование и наука (МОН) на електронската адреса за пријавување насилство досега стигнале повеќе од 20 пораки. Пријавите се од ученици и родители. 

Во МОН откриле и два-три случаи во кои училиштето не пријавило булинг, затоа што така проценило, иако учениците се пожалиле.

„Но, има различни пријави. Има и добри искуства и препораки од различни страни како ги имаат решено проблемите. Има пријави кога некој лош пример, кој бил исклучен, сега е вратен во образовниот процес“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Министерот објасни на кој начин постапуваат. 

НАПАД ВО БЕЛГОРОД

Во рускиот регион Белгород, кој се наоѓа веднаш на границата со Украина, дошло до вооружен инцидент.

Како што пишува Некста, Легијата наречена Слобода на Русија и Рускиот волонтерски корпус (РВЦ) спроведуваат операција во регионот Белгород, објави украинската разузнавачка служба.

Портпаролот на украинската Државна разузнавачка служба, Андреј Јусов, потврди за весникот „Суспилна“ дека Легијата на слободата за Русија и РВЦ спроведуваат операција за создавање „безбедносен појас“ за заштита на украинските цивили.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најголем дел од корисниците на парно во Скопје, енергија добиваат од ЕСМ Снабдување со топлина, кои до крајот на 2022 година обезбедиле топлинска енергија за 57.546 потрошувачи. Останатите снабдувачи обезбедуваат енергија за скоро пет илјади домаќинства, или поточно ЕСМ Подружница Енергетика за 4.011 потрошувачи, додека Секопје – Север за 501 потрошувач.

На годишно ниво Агенцијата за вработување овозможува илјадници услуги кои се во сферата на професионалната ориентација и кариерно советување, со цел невработените полесно да најдат работа.

Спласнува ли полека еуфоријата околу купувањето станови во земјава, како што тоа наголемо почна да се случува во Соединетите американски држави и Европа, а како процес срамежливо стартува и во Србија, е прашањето што се поставува, откако осамнаа најновите податоци од централната банка, а кое се однесува на одобрените и дадените станбени кредити во земјава.

Струга е пример за тоа колку се важни локалните претприемачи за одржлив локален економски раст и развој. Од вкупно 10, дури девет најголеми компании се успешни локални, а во голема мерка и семејни бизниси кои ја градат и развиваат домашната односно локалната економија. 

Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра. Во истата општина се стационирани и европскиот гигант за производство на ќерамиди, мега кондиторска индустрија, голема македонска фирма за производство на мебел и високо технолошка гринфилд инвестиција за производство на декоративни садници. Овие шест фирми заедно лани во малата Виница внеле 227 милиони евра

Слично

Поврзани вести