Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Кико, момчето за кое народот собра пари за лекување во Турција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Кико, момчето за кое народот собра пари за лекување во Турција

ПОЧИНА КИКО

Веста за смртта на младиот Кристијан Коцев - Кико од карабинското село Долни Балаван ја потресе македонската јавност. 

Младиот Кико за жал не издржа. 

Веста ја објави инфлуенсерот Стефан Лазаров, на Фејсбук.

„Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот.. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико“, напиша тој на фејсбук.

МЕРКО СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се појави во јавност по три дена откако Стејт Департментот го стави на „црната листа“.

Сепак, функционерот на ДУИ засега останува резервиран и натаму и не сака да дава изјави. Камерата на ТВ21 го затекна на балконот од општината.

Oд кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во целост ги демантираат и ги оценуваат како паушални и неосновани обвинувањата на Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

УАПСЕН УШТЕ ЕДЕН СРБИН НА КОСОВО

Десетина специјалци апсат Србин во Митровица. Се појави видео од денешното апсење на Косово. Човекот откако ги виде специјалците дека му се приближуваат, ги крена рацете и клекна на колена. 

Косовската полиција утринава го уапси Ненад О. во Северна Митровица, а акцијата ја изведоа четири единици. На видеото од безбедносната камера може да се види како специјалци со четири џипа го опкружуваат Србинот кој тогаш бил без маица.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ се обрати до нацијата во врска со ситуацијата на Косово и Метохија.

Регионот не му припаѓа ниту на Курти ниту на Вучиќ, вели албанскиот премиер Еди Рама. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на Клиниката за државна кардиохирургија уште од основањето го наследи професорот Сашко Јовев и веќе од вчера е на позицијата директор на оваа јавна здравствена институција.

Современите технологии придонесуваат голем дел од луѓето да бидат опседнати со социјалните мрежи.

Најголемиот охридски и македонски автобуски превозник АД Галеб Охрид за една година ги зголеми приходите од 101 милиони денари, на 172 милиони денари, односно за повеќе од 1,15 милиони евра, покажува извештајот за работењето на компанијата во 2022, објавен на „Македонска берза“.

Граѓаните лани за облекување во најпопуларните и најпрестижни бутици и продавници за брендирана роба потрошиле над 88 милиони евра. Тоа е агрегатниот приход на осумте најголеми увозници и продавачи на облека во специјализирани продавници

Се продава компанијата Вработување онлајн, сопственици на порталот за вработување – Вработување.ком.мк, кои се едни од најпознатите огласувачи на работни места. Ова наше друштво за услуги се продава на финска компанија во делот на медиумите, услугите и маркетингот.


Слично

Поврзани вести