ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина и бабата што јадела од питата со праз, Обвинителството ќе прави обдукција
ПОЧИНА И БАБАТА КОЈА СЕ ЗАТРУЛА ОТКАКО ЈАДЕЛА ОД ПИТАТА СО ПРАЗ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.
„Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија“, се вели во соопштението од обвиниотелството.СИНОТ НА ГРЧЕВА СТАНА ГРАДСКИ СОВЕТНИК ВО СОФИЈА
По локалните избори во Бугарија, синот на Солза Грчева, Андреј Зографски, е избран за советник во градското собрание на бугарската престолнина Софија.
Зографски се нашол на предлог-листата на „Промените продолжуваат- Демократска Бугарија“ како прв на листата од 23 општински советници на коалицијата.
„Промените продолжуваат- Демократска Бугарија“ во Софија го „збриша“ ГЕРБ по 18 години доминација во главниот град на Бугарија.ВИКТОР СТОЈАНОВ ОД ФОНДАЦИЈАТА „МАКЕДОНИЈА“ ПРОВОЦИРА
Стигна нова провокација од Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“.
Стојанов објави повик на Фејсбук во кој бара македонските граѓани да го променат презимето на „ов“ или „ев“ за што ќе добијат 300 евра.
Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените.НОВИ ЖРТВИ ВО ГАЗА
Голем број жртви има во Појасот Газа. Израелските сили погодиле бегалски камп каде има над 50 загинати.
Луѓето се убиени во израелското бомбардирање на бегалски камп на палестинска територија, oбјави Министерството за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
