ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина двегодишното дете рането на новогодишната ноќ
ПОЧИНА ДЕТЕТО ПОВРЕДЕНО НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ
Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет.
Детето во моментот на инцидентот се наоѓало надвор со својата мајка. Додека таа го држела во раце, детето било погодено од метален проектил, најверојатно залутан куршум, по што итно било пренесено во болница.
Двегодишното дете беше примено на одделот за интензивна нега со прострелна рана на главата од огнено оружје, чиј идентитет и околностите на повредувањето сè уште не се официјално потврдени.И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ.
- Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, 24-часовен мониторинг, се наведува во денешното соопштение.
Како што се додава, интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволувал хируршко лекување.СЕМЕЈСТВАТА ОД КОЧАНИ ИЗРАЗИЈА СОЧУВСТВО ЗА ЖРТВИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА
Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани на социјалните мрежи објавија дека даваат поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Швајцарија.
„Со скршено срце ја примивме веста за трагичната несреќа во Швајцарија.
Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на „пред“ и „по“ .
Ние, семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот.ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ОТКАКО ИЗЛЕТАА СО ВОЗИЛО ВО РАДИКА
Во ОВР Гостивар денеска во 15:50 часот пријавена е сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврово Дебар во која возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата загинале А.Ф. и М.Ф. од с.Видуше, гостиварско.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
