Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Александар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Александар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Aлександар Карадаковски е шеесеттата жртва на пожарот во Кочани, кој се случи на 16-ти март. 

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Карадаковски кој се лекуваше во Литванија.

Како што кажа министерот за здравство, Арбен Таравари, тој е испратен на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил примен во Градската болница во Скопје. На 16 март во Кочани во пожарот во дискотеката загинаа 59 луѓе. 

КЕШИШЕВ НЕ ЗНАЕЛ ЗА КОЈА ЦЕЛ СЕ ВРШИ КИДНАПИРАЊЕТО

Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Одговарајќи на прашања на бранителите на останатите обвинети, Кешишев даде детали за движењето на обвинетите на денот на убиството на Панче Жежовски и посочи дека прв пат за таткото на Вања разбрал кога го довеле во притвор.

Кешишев исто така одговори на прашања за разговорите што се воделе во штабот на партијата пред грабнувањата, изјавувајќи дека знаел првиот пат кога ја ископале дупката, дека ќе биде наменета за киднапирање луѓе.

- После тоа не разговаравме, колку што се сеќавам, сѐ додека не се случи тоа со Панче во Велес, рече Кешишев.

НЕЗАВИСЕН СОВЕТНИК ВЕЛИ ДЕКА КОЧАНИ Е ПУШТЕНО НИЗ ВОДА

Кочанскиот независен советник, Венко Крстевски вели дека неговиот град е „пуштен низ вода“. 

Тврди дека по оставката на сега веќе поранешниот градоначалник Љупчо Папазов, може да се очекува наскоро блокади на институциите во нормалното функционирање, затоа што, според него, нема да има плата за пожарникарите, градинките, училиштата, библиотеката, нема трансфер на средства за КЈП Водовод по основ на програми, нема исплата на обврски спрема добавувачи, нема исплата кон спортски друштва и здруженија на граѓани…

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Додека синдикалните организации се борат за минималната плата да изнесува 500 евра, примањата за вработените во регулаторните тела во државата ни од далеку немаат таков проблем, а особено тоа важи за Агенцијата за електронски комуникации која го регулира работењето на телекомуникациските оператори и фреквенциите.

Не ги уплатиле сите пари во Буџетот, нивните финансиски извештаи не точни, а проблеми се утврдени и кај квалификациите на вработените во Агенцијата за управување со одземен имот. Ова се дел од забелешките на ревизорите кои утврдиле дека има недостиг на средства уплатени во Буџетот.

Поголем дел ќе оди за дивиденди на акционерите, но значаен дел од ланската нераспределена добивка ќе биде наменет и за резерви.

Слично

Поврзани вести