ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина 24 годишно момче кое се лекуваше во Србија по пожарот во Кочани
ПОВРЕДЕНО МОМЧЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОЧИНА ВО СРБИЈА
Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година, со што бројката се искачи на 62 загинати.
„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.
Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад.УШТЕ ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ СЕ ВО ЛОША СОСТОЈБА
Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба.
Тие се на лекување во странство. Моментално надвор од Македонија се лекуваат 45 повредени.
ПОЛИЦАЕЦОТ ОД КОЧАНИ КОЈ СЕ СМЕТАШЕ ДЕКА Е ВО БЕГСТВО, СЕ ПРИЈАВИЛ САМЕдниот полицаец за кој се веруваше дека е во бегство по проширувањето на истрагата за избувнувањето на пожарот вои дискотеката во Кочани, се пријавил сам.
Од Обвинителството потврдија дека утринава тој сам се пријавил и е изведен пред судија на претходна постапка.БЕКТЕШИ ДОБИ НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР, ПАПАЗОВ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР
Уште 30 дена притвор доби екс министерот за економија, Крешник Бектеши кој е осомничен за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде на 16 минатиот месец загинаа 59 луѓе. Судот одлучи да ја продолжи мерката за Бектеши кој е опфатен со истрагата, поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
