ФАКТОР НА ДЕНОТ: По повлекувањето на противкандидатите од Могила и Македонски Брод, Мицкоски очекува дека ќе имаат 59 градоначалници
МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА 59 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори.
-Очекувам дека на крајот од овие избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат 59 градоначалници, рече тој, додавајќи дека во 58 општини коалицијата победила и на советничките листи, обезбедувајќи мнозинство во советите, пренесе МИА.
ИВАНОВСКА НЕМА ДА ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ЕДЕН ИЛИ ДРУГ КАНДИДАТНема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или за друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, изјави кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска.
Таа во првиот круг од локалните избори освои 4.465 гласа.
„Голем број граѓани препознаа вредности и без особени кампањи, затоа што тоа се свесни граѓани кои наместо секојдневно да негодуваат за проблеми, преземаат акција за промени, преземаат одговорност за својот живот… Кој и да победи, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес, треба да носи одлуки во полза на сите и да го заштити уставно загарантираното право за здрава животна средина и активното учество на граѓаните во креирањето и донесувањето на одлуките“, рече Ивановска.ПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО
Ноќеска почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Промена на времето во Maкедонија е врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.ОД ВЛЕН ВЕЛАТ ДЕКА АЛИ АХМЕТИ СТАВИЛ КАТАНЕЦ НА НАИ
Од ВЛЕН велат дека со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
