ФАКТОР НА ДЕНОТ: По обилните дождови, во Тетово има поплави
ПОПЛАВИ ВО ТЕТОВО
Поплави има во градот Тетово.
Oбилниот дожд ги наполнил улиците со вода. Поплавени се дворови, подруми. Претходно, беше најавено дека ќе има и до 50 литри дожд на метар квадратен површина. Во соседството веќе има поплави кои однесоа и човечки жртви.ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД НАПАДОТ НА КЛУБОТ ВО ОХРИД
Утрово бугарската телевизија „БТВ“ објави видео од инцидентот во кој масикрани лица го демолираат бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. Може да се забележат три лица како го кршат клубот со тврди предмети.
Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук осамнаа фотографии од демолираниот објект. Инцидентот се случил во 2 часот по полноќ. Искршени се стаклата на влезот на просториите.
Бугарското Mинистерство за надворешни работи (МНР) го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид кое се случило ноќеска.МАКЕДОНИЈА ДОБИ ЗАЕМ ОД ММФ
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека на Македонија ѝ одобрил заем од 530 милиони евра за да ѝ помогне да се справи со последиците од пандемијата на ковид-19 и ефектите од војната во Украина. Според двегодишниот аранжман, ММФ веднаш ќе префрли 110 милиони евра, по што ќе следат повеќекратни исплати, под услов Скопје да се придржува до условите од договорот.
„Северна Македонија беше погодена од два последователни глобални шока. Додека заздравуваше од пандемијата, ситуацијата повторно се влоши по руската инвазија на Украина и наглото зголемување на глобалните цени на суровините“, се вели во соопштението на ММФ.
Шефот на ММФ, Бо Ли, ја пофали „здравата политичка рамка“ во земјата пред пандемијата, велејќи дека таа поттикнала солиден и широк раст, со умерен јавен и надворешен долг.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
