ФАКТОР НА ДЕНОТ: По исклучените фрижидери со реагенси, Јо влезе во Институтот за јавно здравје
ИСКЛУЧЕН ФРИЖИДЕР СО РЕАГЕНСИ ВО ИЈ
Во фрижидерите што некој ги исклучил вчера имало и реагенси за голема кашлица, информираше денеска директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, во изјава за медиуми.
- Кај нас постои сомнеж за извршена евентуална диверзија во Институтот на јавно здравје во текот на вчерашниот ден, оставаме на институциите на системот да го истражат, повтори Андоновска, нагласувајќи дека таа само пет дена ја извршува директорската функција.
Во текот на вчерашниот ден, таа била известена дека не функционираат дел од фрижидерите што се наоѓаат на еден од спратовите на Одделот на микробиологија, поточно на бактериологија.По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело.
ИНЦИДЕНТ НА АЕРОДРОМОТ СО ВЈОСА ОСМАНИ
Денеска околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово, Вјоса Османи поминувала на гранична контрола, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, правејќи инцидент зошто сакале да ѝ го скенираат багажот. По ова се вмешало и обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Случајот е пријавен во МВР и се постапува.
Приведен e маж од Свети Николе поради предизвикување пожар.
Полициски службеници го уапсиле М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што вчера околу 13.30 часот кај место викано „Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата. Пожарот е локализиранЧИТАЈТЕ УШТЕ
Македонија гори, пожарите ги загрозуваат имотите и животите на луѓето, а граѓаните можат да реагираат додека пожарот е мал и во почетна фаза или да се заштитат со правење на пресек.Кога една акција постојано расте, има и зошто. Кога одредена компанија е прогласена за гигант во својата област, тоа не е случајно. Големите акционерски друштва од берзанскиот индекс МБИ10 покажуваат дека знаат како се работи, и како тоа резултира со одлична профитабилност. Тоа е евидентно сега, кога компаниите ги испраќаат своите извештаи за шестмесечното работење од годинава до инвеститорската јавност преку Македонската берза.
Нето приходи од камати 50 милиони евра, солиден е приходот од надоместоци, пристоен раст на кредитирањето со соодветно зголемување на резервациите. Сума сумарум 29 милиони евра нето добивка за половина година.
Нотари во Македонија остваруваат годишни добивки и до неколку стотина илјади евра, откако ќе ги исплатат своите вработени, закупот за канцеларијата и останатите трошоци. „Фактор“ ги обезбеди податоците за најголемите остварени профити на сопствениците на нотарските канцеларии за 2023. Најпрофитабилните пет од нив се канцеларии од Скопје.
Каде имаше најголем пад во индустриското производство минатиот месец. Кои сектори имаат најголемо намалување, а кои се со позитивни резултати.
Управниот одбор на НЛБ Банка ќе има нова членка, што е уште една интересна информација за таа банка во делот на нејзиното доекипирање, откако на позицијата прв човек на банката и претседател на Управниот одбор дојде Тони Стојановски, директно од кормилото на Стопанска банка Скопје.
Комерцијална банка си остана на зборот, дефинитивно сака да ја купи Стопанска банка Битола, и тоа сите нејзини акции.
