Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По филмското бегство од затвор, Ковачевски најави смена на Марјан Спасовски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По филмското бегство од затвор, Ковачевски најави смена на Марјан Спасовски

СМЕНА НА ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ

Владата ќе го разреши директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски, од чија работа не е задоволен премиерот Димкитар Ковачевски. 

„Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата и почнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санции“, изјави Ковачевски. 

Разрешувањето се прави на владина седница, но според Ковачевски, тоа нема да се случи на утрешната редовна, туку на некоја од следните седници. 

Одговорност или разрешување, засега, не се бара за директорот на Идризиво. Шпенд Тахири бил неодмна назначен, а директорското место го добил во консултации со меѓународни институции.

AХМЕТИ НЕ САКАЛ ДА ГО НАВРЕДУВААТ НА КОНТАКТНИ ЕМИСИИ

ДУИ се огласи со реакција дека партискиот претседател Али Ахмети немал ништо против македонските телевизии, туку е противник на тоа што им се дозволува на граѓаните кои се јавуваат во контактните емисии и искажуваат навреди.

Во соопштението на ДУИ се вели дека министерот за надворешни работи бил нарекуван „Бугар Османи“, додека кон првиот вицепремиер биле упатувани навреди како „терористот“. Навреди претрпувал и самиот лидер на ДУИ.

По нападот од лидерот на ДУИ Али Ахмети, но и по коментарот на премиерот Димитар Ковачевски на таа тема, со реакција се јави телевизија Телма.

„Владата оркестрирано истовремено преку премиерот Ковачевски и неговиот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ, Ахмети изврши директен напад на нашиот медиум, оспорувајќи го правото на слобода на изразување, но и во време кога Телевизијата поставува прашања за кои јавноста мора да добие одговор.

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА КИЕВ

„Посетата на Украина е показател за посветеноста и непоколебливоста на ОБСЕ да најде начин да се врати мирот во земјата“, истакна претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи за време на работната средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Османи во својство на претседавач со најголемата светска регионална безбедносна организација ОБСЕ најави дека ќе ги стави на располагање сите свои алатки и механизми  кои ќе доведат до праведен и одржлив мир.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фирма што управува со инвестициски фондови или во име и за сметка на свои инвеститори купува компании во Југоисточна Европа ќе биде нов газда на прилепскиот Мермерен комбинат. 

Меѓу огласите на интернет има многу гарсоњери со површина од 20, 26, 29, 30 квадрати, но има и помали со површина од 14 квадрати, лоцирани во внатрешноста на Македонија.

ЕСМ Продажба, фирмата-ќерка на ЕСМ, и гасната централа АД ТЕ-ТО се избрани како први економски оператори кои ќе продаваат природен гас во земјата со воведувањето на новите правила на балансирање на системот за пренос. 

Ќе вработува Градот Скопје. Се бара помошник раководител на сектор во Инспекторатот на Градот Скопје, а ќе зема плата од близу 47 илјади денари. 

Слично

Поврзани вести