ФАКТОР НА ДЕНОТ: По филмското бегство на затвореник, изречени се неколку суспензии
СУСПЕНЗИИ ПО БЕГСТВОТО НА ЗАТВОРЕНИКОТ
По филмското бегство на затвореник, изречени се суспензии.
Суспендирани се командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети, затвореникот кој успеа да го украде пиштолот од полицаецот, да пука во него и да избега од возилото додека го носеле на лекар.
Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор, потврдуваат за МИА од Министерство за правда.
Министерството за внатрешни работи денеска објави меѓународна потерница за Мемети Беким. Тој има „дебело“ досие.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев поради овој случај ги искритикува кадрите на власта.
ПРОТЕСТ СО БАРАЊЕ ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ
По настанот во Струга, каде беа убиени улични кучиња, денеска се одржа протест пред Владата.
Aктивистите за заштита на правата на животните денеска протестираа откако пред три дена стружанец со ловечка пушка уби 10 кучиња. Бараат властите да преземат мерки за решавање на овој проблем.
„Решението на проблемот е во отворање на ветените државни шелтери за вдомување на бездомните кучиња, да се воведе задолжителното микрочипирање на милениците, како и задолжителната стерилизација односно кастрација на милениците, која за помалку од три години би го решила проблемот со кучињата скитници“, рекоа активистите на протестот.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска објасни дека го задолжил министерот за земјоделство Љупчо Николовски да се изготви нов закон за миленици.РУСКИ ПОЛИТИЧАР ВЕЛИ ДЕКА ПУТИН НЕМА ДА ГО ДОЧЕКА СЛЕДНИОТ РОДЕНДЕН
Рускиот опозициски политичар во егзил Илја Пономарев верува дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја дочека следната 2024 година.
Пономарев беше член на руската Државна дума од 2007 до 2016 година, а сега е во Украина, каде што има државјанство, предводејќи го опозициското движење за кое се надева дека Русија ќе ја трансформира во функционална демократија.
Тој беше единствениот пратеник во рускиот парламент кој гласаше против анексијата на Крим во 2014 година.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Се огласи државната ЕСМ околу набавката на гас од бугарската компанија Балкан Јутилитис.
