Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пленковиќ вели дека за 20 години имало многу неправди кон Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пленковиќ вели дека за 20 години имало многу неправди кон Македонија

ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ВЕЛИ ЕУ Е НЕПРАВЕДНА КОН МАКЕДОНИЈА

Хрватска останува подготвена да помогне на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, вели хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.

Тој вели дека Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Северна Македонија кон Унијата. 

„Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира“, изјави Пленковиќ. 

Додаде дека нашата земја направила многу отстапки. 

ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ СО ПРЕВОЗОТ ВО СКОПЈЕ

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за набавка на нови екоавтобуси. 

Советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови екоавтобуси.

Претседателот на Совет Трајко Славески, рече дека градоначалничката ги потценува сите со тврдењето дека со еден денар може да се набават автобуси. 

Арсовска рече дека место пари за кредит се дозволува да се искористат буџетските средства од градот, а остави можност на советниците да пишат во денари колку пари од Буџетот сакаат да се одделат за оваа намена за да тргне процесот.

БУГАРСКОТО МНР МУ РЕАГИРА НА МИЦКОСКИ

Бугарија преку своето министерство за надворешни работи реагира дека премиерот Христијан Мицкоски ја оддалечува Макеоднија од ЕУ со неговата последна изјава дека Францускиот предлог може да се модифицира.

„На властодршците во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои веќе се преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во минатото повеќе намирници се сметале како храна за сиромашни, а денес свесноста за здравата храна е на повисоко ниво и истите продукти се препорачуваат да се користат за избалансирани оброци. 

Пресметката на „Електродистрибуција“, фирмата-ќерка на АД ЕВН, во објавениот План за намалување на загубите на електрична енергија, е дека во тековниот и наредниот период ќе се потрошат 77 милиони евра за дислокација на броилата, надвор од имотите на потрошувачите, заради намалување на загубите на електричната енергија во дистрибутивната мрежа.

Нето добивката за шест месеци надмина 46 милиони евра, а нејзиниот прв човек во интервју најави дека 2024 ќе биде рекордна и најуспешна година, како од аспект на добивка така и за дивиденда. Тоа се две извонредни вести за тие што знаат да читаат пораки и да извлечат поуки

Слично

Поврзани вести