Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петровска вели дека споменици ќе има секаде каде поднела иницијатива

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петровска вели дека споменици ќе има секаде каде поднела иницијатива

ПЕТРОВСКА ВЛЕЗЕ ВО КОНФЛИКТ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЖЕЛИНО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска рече дека споменици на загинати бранители ќе има на сите три локации за кои поднела иницијатива 

- Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА.

Претходно градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, рече дека не тие не се надлежни за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години. Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до ЈП за државни патишта за изградба на споменикот.

- Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, вели Петровска.

KУРТИ ВО ПОСЕТА НА ЧАИР КАДЕ Е ПРЕИМЕНУВАНА УЛИЦА

Во Косово имаме улици кои го носат името на Адем Демачи, но оваа во Чаир е особено важна, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

Тој попладнево во Општина Чаир присустуваше на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во улица Адем Демачи, а со него беше домаќинот градоначалникот Висар Ганиу, лидерите на Беса и на Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши и лидерот на партијата во формирање, Изет Меџити. 

Косовскиот премиер Курти рече дека пред пред две недели е одбележана пет годишнината од смртта на Адем Демачи и нагласи дека „тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија е од особено значење“.

ГРОЗОМОРНО УБИСТВО ВО БОСНА

Нермин Сулејмановиќ од босанскиот град Градачац бил во конфликт со своите жртви и ги убил од одмазда. 

Со оние кои ги уби, особено таткото и синот, како што дознаваа Klix.ba, бил во конфликт. Убиството Сулејмановиќ  го пренесуваше преку социјалната мрежа Инстаграм.

„Од претходно се во конфликт. Започнаа некаков заеднички бизнис во кој не успеаја, имаа несогласувања. Дополнително ги продлабочија несогласувањата што ги имаа во приватниот живот, а тоа е всушност еден вид на негова одмазда“, вели тој.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој се понудени првите конфискувани недвижнини од поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков кои се во вредност од околу 520.000 евра. Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август. Најповолниот понудувач треба да ја уплати целосната сума до 15 дена од заклучувањето на лицитацијата.

Скопската Цементарница УСЈЕ продолжува да покажува дека е компанија која знае да работи навистина профитабилно.

Во многу македонски села нема ниту една продавница. Тамошните жители за да купат намирници патуваат по неколку километри до најблиското населено место каде има продавница или маркет.

Последниот извештај на Регулаторанта комисија за домување покажува дека во нашата земја бројот на лиценцирани инспектор за домување е премногу мал. Имено инспекторите ги има само во неколку скопски општини, и во поголемите градови од земајва.


Слично

Поврзани вести