Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петков е во посета на Македонија, го почитува македонскиот јазик, а Бугарија го признава краткото име

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петков е во посета на Македонија, го почитува македонскиот јазик, а Бугарија го признава краткото име

ПЕТКОВ НА СРЕДБИ СО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на својата прва средба со својот бугарски колега Кирил Петков во Скопје објави дека од денеска како прв чекор во новата ера на добрососедски односи Бугарија го прифаќа краткото уставно име на Македонија.

- Македонците и Бугарите се два блиски и пријателски народи, денеска се согласивме дека влегуваме во интензивна динамика на преговорите. Бугарија од денеска го прифаќа краткото име Северна Македонија подеднакво како Репувлика Северна Македонија. Бугарија нема да ја кочи повеќе употребата на краткото име меѓунардно. МНР испрати вербална нота во ОН во која се потврдува дека двете имиња се еднакво валидни и дека тоа нема никаква имплицација врз територијалниот интегритет на Бугарија, рече Ковачевски.

За македонскиот премиер ова претставува прв поголем чекор во, како што вели тој, „нашето ново поглавје“.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, и ништо лошо нема да ѝ стане на државата. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати, информира партијата. 

РОТ БАРА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО

Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското, вели актуелниот германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот. 

Пораката ја упати на социјалните мрежи и ја поздрави денешната средбата на двајцата премиери, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. 

Македонското малцинство во Бугарија реагира за односот на бугарските, но и македонските власти кон нив. 

„Би било голем срам и предавство доколку Македонија се откаже од своите сонародници во Бугарија“, велат од ОМО Илинден Пирин за Сител. 

РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доколку во серијата земјотреси кои ја зафатија Македонија ви напукнал оџакот, тоа може да предизвика пожар.

Продажбата на АД Пошта на Северна Македонија треба да се случи што побрзо. Жално е ако државата не успее да создаде услови, транспарентост и фер натпревар низ целиот процес, вели во интервју за Фактор Игор Гешовски, сопственик на Еко логистик сервис (ЕЛС), најголемата приватна доставна компанија во земјава.

Еден од најпознатите бизнисмени во Македонија, Кочо Моцан, започнува нова дејност во Македонија со која ќе посредува и ќе застапува странски компании-потенцијални инвеститори во земјата.

Државниот инспекторат за труд ги засилува контролите врз газдите, особено врз оние кои не сакаат да го почитуваат законското право на работниците да одмараат во недела, откако стапија на сила законските измнени со кои недела се прогласи за неработен ден за најголемиот дел од вработените, освен оние кои мораат да работат поради природата не техничко-технолошкиот процес.

И покрај забрзаната вакцинација и предвидувањата дека со тој процес економиите ќе доживеат побрзо заздравување, се чини очекувањата не се исполнуваат со предвиденото темпо.

Слично

Поврзани вести